ГРАЃАНИТЕ ДОБИВАЛЕ ПОРАКИ ДЕКА СЕ ПРЕДМЕТ НА ПРАВНИ ПОСТАПКИ: Измами во име на МВР, внимавајте
Објавено во: Македонија 31 Октомври, 2024 16:38
Граѓаните да внимаваат на опасни измами во име на Министерството за внатрешни работи(МВР).
Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи (МВР) известува за зголемен број измами во кои се користат фишинг-напади и лажно претставување во име на министерот за внатрешни работи и директорот на Бирото за јавна безбедност.
„Главната цел на овие измами е прибирање на лични податоци или насочување на жртвите кон лажни веб-страници за понатамошна злоупотреба. Фишинг-пораките обично пристигнуваат преку електронска пошта, но зачестени се и обидите преку социјални мрежи, СМС пораки или телефонски повици. Некои граѓани добивале известувања дека се предмет на правни постапки за измислени дела и се повикувани да контактираат со испраќачот преку апликации како Вибер или Телеграм“, соопштија од полицијата.
Оваа година имаше неколку предупредувања, граѓаните да внимаваат на измами чија цел е прибавување на лични податоци.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




