ГРАЃАНИТЕ КОИ НЕМААТ УВИД ВО БРОЈКИТЕ НА СТРУЈОМЕРИТЕ ДА ПРИЈАВАТ: Изработен е образец за пријавување прекршоци
Објавено во: Македонија 08 Август, 2025 10:16
Здружението Инженери на Република Македонија (ИНРМ) изработи шаблон (образец) за пријавување прекршок во случај кога на корисниците не им е овозможен визуелен пристап до струјомерите со цел да се олесни поднесувањето на пријави од страна на граѓаните. Секој засегнат корисник може слободно да го преземе образецот, пополни и достави по електронски пат или редовно по пошта.
-Врз основа на официјалниот одговор добиен од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, ИНРМ изработи урнек за поднесување на претставка до Државниот инспекторат за енергетика, рударство и минерални суровини, кој може да го користи секој граѓанин што смета дека му е повредено правото на визуелен пристап до сопствениот струјомер, велат од ИНРМ.
Министерството, додаваат, потврди дека токму Државниот инспекторат за енергетика е надлежен за спроведување инспекциски надзор во случаите кога операторот на електродистрибутивниот систем (ЕВН Македонија АД) не овозможува пристап до мерниот уред, што претставува повреда на член 164 став (1) точка 19 од Законот за енергетика. Истовремено, овој прекршок е санкциониран со глоба од 1.000 до 3.000 евра во денарска противвредност согласно член 286 од истиот закон.
Од ИНРМ ги повикуваат граѓаните, на кои не им е овозможен директен увид во бројките на сопствениот мерен уред, да го искористат правото на пријавување, со цел да се заштитат како потрошувачи. Претставката, како што велат, е достапна на следните линкови:https://www.inzenerinarm.com/prevzemanje-dokumenti и https://www.facebook.com/share/p/16P8CmATVr/
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




