19 Декември, 2025
0.0678

ГРАЃАНИТЕ КУПУВААТ СТАР ЛЕБ: Го даваат на домашните миленици или поради сиромаштија мораат да штедат?

Објавено во: Економија 25 Октомври, 2024 07:29

Добивај вести на Viber

Во повеќето пекарници посебно во помалите градови велат дека постои пракса дел од граѓаните да купуваат стар леб. Така е со години. Објаснуваат дека дел од населението овој леб го набавува за домашните миленици, но има и такви кои поради сиромаштија се принудени да штедат и купуваат вчерашен леб.

„Купуваат стар леб, но за домашни миленици, сепак тоа е мала количина, не земаат многу лебови. И ние се трудиме да печеме леб колку што треба. На прсти се бројат вишокот лебови. Се трудиме да не ни останува“, додаваат од пекарницата „Пијанечки квас“ од Делчево.

Од скопските пекарници кои ги контактиравме велат дека нив леб не им заостанува. 

„Јас печам дневно лимитирана количина, се продава брзо. Не се случило воопшто да ми остане леб, а не знам каква е состојбата во други градови“, објаснува сопственичка на скопска пекарница.

Градот е голем, а во Скопје живеат луѓе со повисоки примања и веројатно ваквите ситуации од тие причини се поретки. Состојбата е поразлична во внатрешноста на државата. 

„Има одредена категорија на луѓе во градов која купува вчерашен леб. Бели печива продаваме на пола цена,  ако е старо, ако е од вчера, ама ретко останува. Има и солидно ситуирани луѓе кои купуваат на пола цена, не мора да значи дека е сиромаштијата секогаш во прашање. Веројатно не им е проблем. Гевреци, кифли, такви работи земаат од вчера“, велат од пекарница во Штип.

Но, од друга пекарница од источниот дел на државата објаснуваат дека луѓето се срамат да признаат дека консумираат стар леб, и затоа изговор им е дека го земаат за милениците.

„Има луѓе кои купуваат вчерашен леб, и кажуваат дека е за животни, за миленици, а во суштина е за нив. Има и млади и стари луѓе што купуваат вчерашен леб. Некогаш на пола цена, а  некогаш чини помалку од пола. Вчерашниот леб е на пола цена, а  завчерашниот се продава за 70 отсто помалку од вредноста. Постојано ја има таа појава. Не знам кои се факторите. Во однос на сиромаштија, мислам дека луѓето имаат повеќе пари од поарно. Колку леб ќе остане непродаден зависи од денот, секоја пекарница гледа тоа да биде минимално, да се продаде лебот истиот ден“, велат од кочанска пекарница. 

Сепак повеќето пекарници се трудат да подготват количини на леб кои ќе се продадат тазе, истиот ден. Малите пекарници во помалите градови велат дека вишокот некогаш значи само неколку леба плус.

Се смета дека пензионерите се една од најзагрозените групи и тие често се жалат дека тешко опстануваат. Во државата потрошувачката кошничка за едно четиричлено семејство долго време е над 1.000 евра, што значи дека со две минимални плати, едно домаќинство не може да ги покрие основните трошоци. Намалените маржи на храната донесоа минимални промени на цените.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци