20 Ноември, 2024
0.0268

ГРАЃАНИТЕ НА МИЛОСТ И НЕМИЛОСТ НА КРИЗАТА ВО ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ: Ќе се протестира за да се изрази револтот поради недостигот на автобуси

Објавено во: Македонија 20 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Скопје, некогаш град со навистина функционален јавен превоз, денес е град во кој граѓаните со часови чекаат автобуси кои не доаѓаат. Сликата на преполни автобуските станици, луѓе кои пешачат на студот или делат такси за да стигнат до работа, стана секојдневие. ЈСП, претпријатие кое треба да го носи јавниот превоз на своите плеќи, се соочува со невидена криза која го парализира градот.

„Мрзнеме, пешачиме, делиме такси“ – гневни граѓани раскажуваат за своите маки

Граѓаните се револтирани и гневни поради хаосот со јавниот превоз. Многумина велат дека секојдневно се наоѓаат во безизлезни ситуации.

„Чекав еден час за автобус. Кога видов дека нема, тргнав пеш од Ново Лисиче до Центар. Имам купено месечен билет, а пешачам. За што плаќаме? Ова е веќе неподносливо,“ вели Марина К. мајка на две деца.

Други граѓани, пак, наоѓаат начини да стигнат до своите дестинации, но тоа ги чини дополнителни пари и нерви.

„Со три сосетки секое утро делиме такси за да стигнеме до работа. Една дестинација до центарот нè чини по 300 денари. Јавниот превоз не функционира, а буџетот ни страда. Ова е срамота за еден главен град,“ раскажува жителка од Шуто Оризари.

Недостигот на нафта – причина за колапсот на ЈСП

Од Независниот синдикат на ЈСП велат дека главниот проблем е недостигот на нафта, кој трае повеќе од три месеци. Ситуацијата ескалираше викендов, кога двете автобази останаа целосно без гориво.

„Секојдневно се бориме да ги одржиме линиите. Некои автобуси се во движење, но тоа е на граница. Без редовно снабдување со нафта, јавниот превоз ќе продолжи да биде во колапс,“ велат возачитеод ЈСП.

Покрај недостатокот на нафта, голем дел од автобусите се стари и технички неисправни. Граѓаните велат дека дури и автобусите што доаѓаат се често преполни и опасни за возење.

„Кога конечно стигнав до автобус, врата не се затвораше. Луѓе се туркаат, стоиме како сардини. Се возиме во автобуси кои може секој момент да се расипат. Така беше и летово, на 50 степени надвор, внатре климите не работеа, граѓаните колабираа“ додава Зоран Ј. студент од Скопје.

Најава за протест – граѓаните ќе побараат решенија

Граѓаните на Шуто Оризари, предводени од градоначалникот Курто Дудуш, најавија протест за петок (22 ноември) пред Град Скопје. Целта е јасна – да се побара итно решавање на проблемите со јавниот превоз.

„Луѓето мрзнат, децата не можат на училиште, жените и старците трпат. Ова мора веднаш да се реши. Ги повикувам сите граѓани да ни се приклучат,“ изјави Дудуш во видео обраќање.

Се очекува протестот да биде масовен, бидејќи незадоволството кај граѓаните веќе го надмина прагот на трпение.

Политичките обвинувања продолжуваат, граѓаните се заборавени

И додека граѓаните се соочуваат со секојдневни маки, политичките обвинувања меѓу надлежните продолжуваат. Од Град Скопје велат дека проблемот со ЈСП се влошил поради тригодишната блокада на советниците од ВМРО-ДПМНЕ, кои, според нив, не гласаат за набавка на нови автобуси, а и го одбиле проектот за воведување на БРТ-системот. Во своето соопштение, Градот директно прашува зошто ветените 250 автобуси од програмата за Скопје сè уште не се реализирани и зошто, доколку имаат решение за кризата, тоа не го понудат веднаш. „Дали граѓаните на Скопје мора да бидат заложници на политички инает и лични суети уште една година?“ прашуваат оттаму.

Од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа со критики дека Арсовска потфрлила на секое поле, обвинувајќи ја за оставен град во неред, хаос во јавниот превоз и несоодветно одржување на јавните претпријатија. Тие потсетуваат дека дел од автобусите се во толку лоша состојба што редовно се расипуваат, а некои дури и се запалиле, загрозувајќи ги животите на патниците. Дополнително, од партијата ја обвинија градоначалничката дека троши повеќе време на кадровски промени – со повеќе од 30 сменети директори за три години – отколку на решавање на реалните проблеми на градот.

Во целата оваа политичка битка, граѓаните остануваат на маргините, секојдневно соочувајќи се со проблеми во јавниот превоз, кој или доцни, или воопшто не пристигнува. Многумина пешачат на ниските зимски температури, додека други, револтирани, плаќаат дополнителни трошоци за такси или месечни билети кои не можат да ги искористат. Сето ова дополнително ја нагласува фрустрацијата кај граѓаните, кои чувствуваат дека станале заложници на неуспешното политичко надмудрување.

Анита Буховски

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

РЕГИОНАЛНИТЕ МЕДИУМИ ПИШУВААТ ЗА ШЕКЕРИНСКА: Еве која е таа

РЕГИОНАЛНИТЕ МЕДИУМИ ПИШУВААТ ЗА ШЕКЕРИНСКА: Еве која е таа

ЖЕНИТЕ ВО НЕЗАВИДНА ПОЛОЖБА: И понатаму се дискриминирани при наследувањето на имотот од родителите

ЖЕНИТЕ ВО НЕЗАВИДНА ПОЛОЖБА: И понатаму се дискриминирани при наследувањето на имотот од родителите

„ТЕНДЕР ЗА ОЗВУЧУВАЊЕ НА ИЗГОРЕНА УНИВЕРЗАЛНА САЛА?“: Дали Галетановски открива скандал?

„ТЕНДЕР ЗА ОЗВУЧУВАЊЕ НА ИЗГОРЕНА УНИВЕРЗАЛНА САЛА?“: Дали Галетановски открива скандал?

„НЕКА ВЕ ЛЕЧАТ БАБА РАДА И ИВАН ИСЦЕЛИТЕЛ“: Д-р Беќаровски за зголемувањето на платите

„НЕКА ВЕ ЛЕЧАТ БАБА РАДА И ИВАН ИСЦЕЛИТЕЛ“: Д-р Беќаровски за зголемувањето на платите

„СЕГА КОГА РАДА ПРАДА СТАНА ЗАМЕНИК ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР НА НАТО, ЦЕЛАТА НАША ЖРТВА ДОБИВА СМИСЛА“: Ванковска распали за новата функција на Шеќеринска

„СЕГА КОГА РАДА ПРАДА СТАНА ЗАМЕНИК ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР НА НАТО, ЦЕЛАТА НАША ЖРТВА ДОБИВА СМИСЛА“: Ванковска распали за новата функција на Шеќеринска

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Радмила Шекеринска e назначена за заменик-генералeн секретар на НАТО

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Радмила Шекеринска e назначена за заменик-генералeн секретар на НАТО

РАДЕВ ДО ШЕКЕРИНСКА: Честитам и очекувам придонес во зајакнувањето на колективната одбрана

РАДЕВ ДО ШЕКЕРИНСКА: Честитам и очекувам придонес во зајакнувањето на колективната одбрана

СОВЕТOT НА АМБАСАДОРИ ЗА НОВАТА ФУНКЦИЈА НА ШЕКЕРИНСКА: Toa е голем успех за државата

СОВЕТOT НА АМБАСАДОРИ ЗА НОВАТА ФУНКЦИЈА НА ШЕКЕРИНСКА: Toa е голем успех за државата

ЛИСТА НА AIR VISUAL: Скопје е на шестото место меѓу најзагадените градови

ЛИСТА НА AIR VISUAL: Скопје е на шестото место меѓу најзагадените градови