СОВЕТOT НА АМБАСАДОРИ ЗА НОВАТА ФУНКЦИЈА НА ШЕКЕРИНСКА: Toa е голем успех за државата
Објавено во: Македонија 19 Ноември, 2024
Советот на амбасадори го поздрави изборот на Радмила Шекеринска за втор човек на НАТО и велат дека нејзината функција во НАТО е голем успех и за државата. Таа ќе биде заменик на генералниот секретар на НАТО.
„Поставувањето на личност од нашата земја на ваква висока позиција во НАТО-алијансата, во толку комплексен момент во нејзината историја, кога Европа се соочува со голема закана по нејзината безбдност претставува признание за Македонија, како точка која може да претставува место за отпуштање на затегнаст, пример за заемна почит на разлики и негување на европски вредности, но и пример за проактивност и донесување одлуки во клучни моменти со позитивни резултати“, велат од Советот на амбасадори.
Веруваат дека Шекеринска успешно ќе ги извршува задачите и ќе придонесе кон зајакнување на Алијансата.
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, одлучи да ја назначи македонската поранешна вицепремиерка и министерка за одбрана Радмила Шекеринска за следна заменик-генерална секретарка.
Шекеринка на X напиша дека ова ќе биде чест за неа да работи за посилна алијанса.фото Фејсбук/Радмила Шекеринска
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.