РЕГИОНАЛНИТЕ МЕДИУМИ ПИШУВААТ ЗА ШЕКЕРИНСКА: Еве која е таа
Објавено во: Македонија, Балкан 20 Ноември, 2024
Именувањето на Радмила Шекеринска за заменик секретар на НАТО, предизвика интерес во регионот. Додека Бугарија негодува, медиумите ширум Балканот ја претставуваат новата функционерка на НАТО.
„Генералниот секретар на НАТО Марк Руте одлучи да ја назначи Радмила Шекеринска од Северна Македонија за негова заменичка.
„Со задоволство можам да го соопштам именувањето на Радмила Шекеринска за следен заменик генерален секретар. Таа навистина верува во НАТО, знае колку е потребно за влез во Алијансата и што значи да се биде полноправна членка. Со нетрпение очекувам да работам со неа додека ја презема оваа витална улога“, рече Руте во изјавата објавена на веб-страницата на НАТО.
Таа на својот профил на X одговори дека би било „привилегија да служам како заменик генерален секретар на НАТО“.
„Посветена сум да работам со сите сојузници кон уште посилен и посигурен сојуз“, напиша таа на мрежата Х.
Шекеринска ќе го замени вршителот на должноста заменик генерален секретар Борис Руге, кој привремено ја презеде функцијата на почетокот на есента по оставката на заменик-генералниот секретар Мирчеа Јоана со цел да се кандидира на претседателските избори овој месец во Романија, пишува Данас.
Шекеринска ќе ја преземе функцијата заменик генерален секретар пред крајот на оваа година.
Која е Радмила Шекеринска?
Родена е во Скопје во јуни 1972 година. Дипломирала на Електротехничкиот факултет во Скопје во 1995 година.
Во текот на 1996 година, таа работела како асистент за односи со јавноста во Македонскиот институт отворено општество, се наведува на веб-страницата на македонската влада.
Истата година била избрана за член на Советот на Град Скопје каде останала две години.
Од 1997 до 2002 година работи како асистент на Електротехничкиот факултет, а во 1998 година е избрана во Собранието на Република Македонија.
На парламентарните избори во 2002 година го добива вториот мандат како претставник на републиката, од кој веднаш е именувана за вицепремиер на Република Северна Македонија за евроинтеграции.
Автор е на повеќе научни и стручни трудови од својата област.
Шекеринска беше вицепремиер за евроинтеграции во периодот од 2002 до 2006 година, кога нејзината земја се здоби со статус на кандидат за полноправно членство во Европската унија.
Во 2004 година, таа накратко ја извршуваше функцијата вршител на должноста премиер, со што стана првата жена што го стори тоа во земјата.
Во периодот меѓу 2006 и 2008 година, таа го водеше Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), како прва жена на чело на голема политичка партија во Македонија.
Таа се врати на владината служба како министер за одбрана од 2017 до 2022 година, надгледувајќи го пристапувањето на Северна Македонија во НАТО во 2020 година.
Додека беше на чело на Министерството за одбрана во 2020 година, Скопје го испрати првиот контингент од 44 припадници на Армијата на Македонија во мисијата КФОР.
Тоа беше прва мисија на армијата на Северна Македонија откако таа земја стана 30-та членка на НАТО.
Добитничка е на наградата „Глобални лидери на утрешнината“ што ја доделува Светскиот економски форум.
Зборува англиски и француски јазик.
Нова.рс* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.