ФАКТОР НА ДЕНОТ: Радмила Шекеринска e назначена за заменик-генералeн секретар на НАТО
Објавено во: Македонија 19 Ноември, 2024
ШЕКЕРИНСКА СТАНА ВТОР ЧОВЕК ВО НАТО
Радмила Шеќеринска, денеска во Брисел беше избрана за Заменик генерален секретар на НАТО и со тоа практично стана втор човек по редослед на функциите.
Поранешната министерка за одбрана ќе му биде заменичка на Марк Руте, кој од пред неколку месеци е на чело на овој воен сојуз. Ова го потврди генералниот секретар Руте на официјалниот сајт на Алијансата.Претседателот на Бугарија, Румен Радев ѝ го честита назначувањето на Радмила Шекеринска за заменик-генерална секретарка на НАТО.
Американската амбасадорка Ангела Агелер, го честиташе изборот на Радмила Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО. Таа му честиташе и на премиерот Христијан Мицкоски за тоа што застанал зад нејзината кандидатура или по наше кажано – не ја блокирал, како што прави вообичаено ВМРО-ДПМНЕ.
Екс-премиерот Зоран Заев и упати честитка на Радмила Шекеринска за новата функција.
БУГАРСКИТЕ МЕДИУМИ РАЗОЧАРАНИ ШТО ГАБРИЕЛ НЕ ЈА ДОБИ ПОЗИЦИЈАТА ВО НАТО
Бугарските медиуми се шокирани затоа што Радмила Шекеринска е избрана за втор човек на НАТО, а не нивната Марија Габриел. Во Софија се лути поради оваа одлука.
ЌЕ СЕ ЗГОЛЕМАТ ПЛАТИТЕ ВО ЗДРАВСТВОТО
УКРАИНА ЈА НАПАДНА РУСИЈА СО АTACMS
Украинските сили го одбележаа 1.000-от ден од војната во Украина, со изведување на првиот напад на руска територија со американските ракети со долг дострел, соопштија утрово украинските воени претставници.
Голема експлозија го осветли ноќеска небото на околу 124 километри од најблиската украинска граница, во складиште за муниција во Карачев, во рускиот Брјански регион.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Четири члена на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги ќе бидат разрешени по одлука на Владата на Република Македонија оджана на почетокот на месецов.Медиумите пред неколку дена објавија дека во Федерацијата Босна и Херцеговина(БиХ) минималната плата ќе се зголеми на 600 евра.
Блок трансакција со вкупна вредност од над 43 илјади евра со акциите на градежниот гигант „Гранит“ помина вчера преку Македонската берза за долгорочни хартии од вредност.
Вивек Рамасвами е политичка ѕвезда во подем на Републиканците, кандидат за претседател на САД, биотек милијардер и нов министер во Владата на Доналд Трамп кој заедно со Илон Маск ќе го предводат новиот департмент за владина ефикасност (DOGE).
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.