22 Ноември, 2024
0.0304

ГРАЃАНИТЕ СЕ ВОЗНЕМИРЕНИ ОД НЕМИЛИТЕ НАСТАНИ: Велат ние сме морално руинирано општество, ги советуваат децата да внимаваат

Објавено во: Македонија 06 Декември, 2023

Добивај вести на Viber

Граѓаните се вознемирени од двојното убиство кое ја потресе Македонија, односно убиството на Панче Жежовски од Велес и младата Вања Ѓорчевска од Скопје.

Велат дека ова покажува дека сме морално руинирано општество. Под знак прашалник ја ставаат и безбедноста. Граѓаните ги советуваат младите да внимаваат, да се држат настрана од лоши друштва, пороци и други девијантни појави.

„Ние сме нула, па дури и под нула за морал и етика. Немаме силни институции, немаме здраво општество. Ова е бетер од работите кои се случиле во другите земји“, вели Панче Спасов, граѓанин.

Велат дека институциите треба да бидат ригорозни против луѓето кои ги кршат законите.

„Потресена е цела држава. Секој родител кој пратил дете во школо, во потсвеста му е дали ќе се врати тоа дете и како ќе се врати, а нема помило од дете. Траумата не се вади од главата. Во затворите има лица кои ќе бидат амнестирани, а ние треба да се плашиме. Па не е тоа факултет, таму се за криминал. Се плашиме и ние и нашите деца“, кажа Звонко Алексовски, граѓанин.

Според дел од граѓаните, со вакви настани оставаме многу лош впечаток како држава и народ во очите на другите.

„Многу сме загрижени, разочарани. Греота за детето, посебно со вестите дека таткото е вмешан. Јас имам внука како Вања и со неа ја споредувам. Како деца и ние сме сакале да се скриеме, да излажеме, ама сега родителите мора многу да внимаваат каде им одат децата, со кого се дружат. Кај ние во Европска Унија? Сите се запознаени со ова. Ова е срамота. Жално е и за Панче, ама за Вања коските на цела Македонија се потресоа“, рече Славица, граѓанка.

Друга жена вели дека го советувала своето дете да внимава со кого контактира.

„Мојата ќерка работи во Скопје. Синоќа ја советував да внимава со кого контактира, но таа ми рече дека секако внимава, затоа што ова се страшни времиња“, рече Анкица, граѓанка.

Психологот Наталија Наумовска вели дека убиствата на младата Вања и фризерот Панче предизвикаа колективна траума, несигурност, страв. Објаснува дека паника се јави и кај родителите, но и кај децата кои стравуваат за својата безбедност.  Додава дека луѓето беа шокирани, ги обзеде тага, неверување, а потоа бес и лутина.

„Никој човек не остана рамнодушен на овие монструозни чинови. Ова е последица на незаконитоста која владее во земјава, ако не се воведат брзи промени, граѓаните дури тогаш целосно ќе ја изгубат довербата во функционалноста на институциите. Смртта на девојчето ќе остави трајни белези и влијание врз психичката состојба кај нејзините соученици кои се шокирани, исплашени, но и многу загрижени. Нив им треба поддршка, за да можат успешно да ја пребродат оваа тешка траума. Киднапирањето не е нешто што се случува секојдневно, како да бевме сведоци на некој хорор филм што се случувал по улиците сред бел ден, а тоа носи негативни ефекти врз чувството на безбедност кај сите. Родителите во паника почнаа да бараат начини како да ги заштитат своите деца, дали преку телефони со следење на локацијата или носење со автомобил до училиште. Не постои родител кој не е загрижен за безбедноста на своите деца, а тоа е потполно оправдано во овој случај дури и ако децата се безбедни. Ако сакаат да им помогнат треба дома да работат со нив, да им обрнуваат внимание и да се целосно присутни во разговарањето.  Посакувам овој грозоморен чин никогаш да не се повтори. Тој да биде предупредување и аларм за стопирање и превенирање на секаков вид насилство, во домовите, училиштата и насекаде. На сите ни треба љубов, слога, разбирање и поддршка повеќе од никогаш“, рече Наумовска.

Веста за смртта на Вања и Панче ја пренесоа  земјите од регионот. Осомничениот Љупчо Палевски вчера е уапсен во Турција. 

Сања Атанасовска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЈА ПРИМИ ШЕКЕРИНСКА: Искрени честитки за оваа престижна функција, која е не само лично, туку и државно признание

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЈА ПРИМИ ШЕКЕРИНСКА: Искрени честитки за оваа престижна функција, која е не само лично, туку и државно признание

ГРАД СКОПЈЕ: Ерџан Демир требал да ги информира своите сограѓани дека токму неговата партија одбива да гласа за набавка на нови автобуси

ГРАД СКОПЈЕ: Ерџан Демир требал да ги информира своите сограѓани дека токму неговата партија одбива да гласа за набавка на нови автобуси

„ДАНЕЛА ОДИ СИ“: Порака од граѓаните кои протестираа поради проблемите со јавниот превоз

„ДАНЕЛА ОДИ СИ“: Порака од граѓаните кои протестираа поради проблемите со јавниот превоз

Почина Валентина Марјановиќ, новинарка и уредничка во весникот ВЕЧЕР

Почина Валентина Марјановиќ, новинарка и уредничка во весникот ВЕЧЕР