18 Ноември, 2024
0.0268

Граѓаните возеа велосипеди и исцртаа мустаќ за подигање на свеста за машкото здравје на големиот настан на dm дрогерие маркт

Објавено во: Мои пари 18 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Стотици граѓани во неделата (17 ноември) се собраа во Градскиот парк во Скопје за да ја подигнат свеста за значењето за машкото здравје и возеа велосипеди на настанот „Пуштам БРК, БРКам здравје“ организиран од компанијата dm дрогерие маркт. Севкупната активност беше составена од три сегменти: се возеше рута од 100 километри низ Скопје и околината во форма на мустаќ, рута од 3,5 километри низ Градскиот парк и активност пред Школка каде се возеа статични велосипеди.

Церемонијал мајстор на активноста пред Школка беше актерот Игор Ангелов кој ги мотивираше присутните да ги вртат педалите на статичните велосипеди и да го дадат максимумот при исцртувањето на еден голем мустаќ на LED екран.

dm дрогерие маркт за сите присутни без разлика на која активност се вклучуваат подготви подароци. Воедно, се дегустираа и органски dmBio закуски подготвени од нутриционистот Симона Коруновска, а сите заинтересирани можеа да си ја обликуваат брадата и мустаќите од искусен бербер. За сите присутни беше подготвена и вода и овошје за енергија.

Од компанијата велат дека се особено среќни што втора година по ред се приклучуваат на глобалното движење за подигнување на свеста за машкото здравје – Movember, а сѐ поголемиот одзив на традиционалната велосипедска рута во форма на мустаќ зборува за тоа колку од година во година тие навистина влијаат врз отворањето на оваа табу-тема. 

dm ја продолжува својата мисија и понатаму. По повод месецот на машкото здравје, во сите dm дрогерии до 24 ноември со купени производи за нега на мажи во износ над 799 денари, ќе добиете подарок Movember маица со која ќе придонесете за ширење на пораката за важноста на машкото здравје. 

пр објава

Можеби ќе ве интересира

МТЕЛ го финализираше купувањето на Lyca Mobile: Корисниците добиваат беспрекорна транзиција кон подобри и поквалитетни услуги

МТЕЛ го финализираше купувањето на Lyca Mobile: Корисниците добиваат беспрекорна транзиција кон подобри и поквалитетни услуги

НБO: Зелениот картон е во функција. Непрактична е идејата за укинување на Зелената карта само за државите од CEFTA

НБO: Зелениот картон е во функција. Непрактична е идејата за укинување на Зелената карта само за државите од CEFTA

Македонски Телеком со нов концепт на продавница и уникатен пристап кон корисниците

Македонски Телеком со нов концепт на продавница и уникатен пристап кон корисниците

Новогодишна наградна игра: Веро доделува половина милион денари за најсреќниот потрошувач

Новогодишна наградна игра: Веро доделува половина милион денари за најсреќниот потрошувач

80 години Народен театар Битола: Културата како темел за иднината, бизнисот како поддршка за нејзината трајност

80 години Народен театар Битола: Културата како темел за иднината, бизнисот како поддршка за нејзината трајност

Клиника Жан Митрев со виолетови светла го одбележа денот на предвремено родени бебиња

Клиника Жан Митрев со виолетови светла го одбележа денот на предвремено родени бебиња

ТИТАН УСЈЕ продолжува со инвестициите во дигитализација и имплементација на решенија базирани на вештачка интелигенција

ТИТАН УСЈЕ продолжува со инвестициите во дигитализација и имплементација на решенија базирани на вештачка интелигенција

Зоран Спасов Ѕоф: Ако не се расплачеш или насмееш читајќи ја „И јас сум Сирма“ не си човек!

Зоран Спасов Ѕоф: Ако не се расплачеш или насмееш читајќи ја „И јас сум Сирма“ не си човек!

Донација на НЛБ Банка за Клиниката за гинекологија и акушерство - Интраклинички транспортен систем за респираторна терапија на предвремено родени бебиња

Донација на НЛБ Банка за Клиниката за гинекологија и акушерство - Интраклинички транспортен систем за респираторна терапија на предвремено родени бебиња