18 Ноември, 2024
0.0284

НБO: Зелениот картон е во функција. Непрактична е идејата за укинување на Зелената карта само за државите од CEFTA

Објавено во: Мои пари 18 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Зелениот Картон (ЗК) е сеуште неопходен документ за влез со моторни возила во било која држава во Европа,  како и во соседните Србија, Албанија, Црна Гора, БиХ и Молдавија .

Тој е во функција и е неизвесно кога и дали воопшто ќе има промени околу неговото користење.

Според Националното биро за осигурување прашањето за спојување на ЗК и вклучување на премијата од ЗК во полисата за осигурување од Автомобилска Одговорност е доста комплексно и сериозно прашање кое подлежи на  меѓународна и домашна регулатива.Тоа не е нешто што може да се промени преку ноќ, и затоа не треба да се шпекулира, и корисниците да се доведуваат во заблуда. Точно е дека на оваа тема се разговара во регионот, но во моментов нема консензуз ниту заеднички став, бидејќи членките држави на CEFTA имаат во примена сосема различни модели на функционирање на системот на зелена карта.

Од Националноот Биро истакнуваат дека тoa e комплексно прашање кое што не може да се регулира поединечно, туку кога се регулира тоа мора да биде генерално. А измените околу зелениот картон зависат од:

·  Внатрешните одредби и Интерните регулативи (IR) на Советот на Бироа – Брисел

·  Законот за Задолжително осигурување во сообраќајот

·  Склучените билатерални договори помеѓу Националните Бироа во регионот и пошироко

·  Имплементираниот Тарифен систем и Правилниците на НБО ( Национално Биро за осигурување) за обработка и плаќање  на штети по ЗК според Внатрешните одреби на Советот на Бироа- Брисел

Точно е дека воCEFTA Секретарјатот е отворено прашањето за некакви промени околу ЗК, но станува збор само за еднострано мислење и видување на начинот и потребата од користење односно не користење на Зелениот Картон (ЗК) како документ за влез со моторни возила во државите од CEFTA.

Непрактичноста на идејата за укинување на ЗК само за државите од  CEFTA е дотолку повеќе што граѓаните пак ќе користат ЗК за влез во било која друга држава членка на ЕУ и потписнички на Мултилатералната спогодба одобрена од Советот на Бироа-Брисел.

Во овој момент не треба да се создава забуна кај сопствениците на моторни возила и да се шпекулира. Зелениот картон е во функција  и тој е потребен.

Останува во иднина отворено прашањето за комплексноста на ЗК, неговото укинување со вклучување на премијата од ЗК, врз основа на актуарски пресметки во премијата на полисата за АО, со што се создаваат можности за вклучување на ЗК во таканаречената Мултилатерална спогодба поддржана од Советот на Бироа – Брисел и немањето на потреба од користење на Зелен Картон во сите европски државипа и во државите од CEFTA процесот.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Граѓаните возеа велосипеди и исцртаа мустаќ за подигање на свеста за машкото здравје на големиот настан на dm дрогерие маркт

Граѓаните возеа велосипеди и исцртаа мустаќ за подигање на свеста за машкото здравје на големиот настан на dm дрогерие маркт

МТЕЛ го финализираше купувањето на Lyca Mobile: Корисниците добиваат беспрекорна транзиција кон подобри и поквалитетни услуги

МТЕЛ го финализираше купувањето на Lyca Mobile: Корисниците добиваат беспрекорна транзиција кон подобри и поквалитетни услуги

Македонски Телеком со нов концепт на продавница и уникатен пристап кон корисниците

Македонски Телеком со нов концепт на продавница и уникатен пристап кон корисниците

Новогодишна наградна игра: Веро доделува половина милион денари за најсреќниот потрошувач

Новогодишна наградна игра: Веро доделува половина милион денари за најсреќниот потрошувач

80 години Народен театар Битола: Културата како темел за иднината, бизнисот како поддршка за нејзината трајност

80 години Народен театар Битола: Културата како темел за иднината, бизнисот како поддршка за нејзината трајност

Клиника Жан Митрев со виолетови светла го одбележа денот на предвремено родени бебиња

Клиника Жан Митрев со виолетови светла го одбележа денот на предвремено родени бебиња

ТИТАН УСЈЕ продолжува со инвестициите во дигитализација и имплементација на решенија базирани на вештачка интелигенција

ТИТАН УСЈЕ продолжува со инвестициите во дигитализација и имплементација на решенија базирани на вештачка интелигенција

Зоран Спасов Ѕоф: Ако не се расплачеш или насмееш читајќи ја „И јас сум Сирма“ не си човек!

Зоран Спасов Ѕоф: Ако не се расплачеш или насмееш читајќи ја „И јас сум Сирма“ не си човек!

Донација на НЛБ Банка за Клиниката за гинекологија и акушерство - Интраклинички транспортен систем за респираторна терапија на предвремено родени бебиња

Донација на НЛБ Банка за Клиниката за гинекологија и акушерство - Интраклинички транспортен систем за респираторна терапија на предвремено родени бебиња