18 Ноември, 2024
0.1594

Клиника Жан Митрев со виолетови светла го одбележа денот на предвремено родени бебиња

Објавено во: Мои пари 18 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Во знак на одбележување на Светскиот ден на предвремено родени бебиња, помош и поддршка за малите херои и нивните семејства, Клиника Жан Митрев на 17 ноември се осветли во виолетова боја. Оваа година се одбележува под мотото „Мали дела, ГОЛЕМ ИМПАКТ: Непосреден контакт кожа на кожа за секое бебе, секаде“ што ја потенцира важноста од оваа техника која се покажува како ефективна, особено за предвреме родените бебиња.

Предвремено родените бебиња се најмали но истовремено и најголемите борци и затоа секој 17 ноември се одбележува со разни активности со цел да ја подигне свесноста за предвременото раѓање и предизвиците со кои се соочуваат децата и семејствата.

Предвременото раѓање е глобален проблем кој се јавува во сите држави на светот. А статистиката вели дека едно од 10 бебиња се раѓа предвреме. Според Светската здравствена организација за предвреме родени бебиња се сметаат оние кои се родени пред завршување на 37мата гестациска недела (ГН) од вкупно 40 на целосна бременост. Сите овие бебиња се изложени на ризик од различни здравствени компликации. Затоа на овој ден, се организираат различни активности, вклучувајќи кампањи, семинари и настани за поддршка. Крајната цел е да се создадат подобри услови за предвремено родените деца и да им се обезбеди правилен развој, а истовремено да се подигне свеста во јавноста за предизвиците и потребите на овие мали борци.

Одбележувањето на овој ден е важен чекор кон подобрување на животот на предвремено родените деца и нивните семејства, нудејќи им надеж и поддршка во нивниот пат кон здрав развој, раст и благосостојба. Затоа активностите поврзани со прематурните бебиња во Клиника Жан Митрев продолжуваат во текот на цел ноември.

Неодамна во Клиника Жан Митрев се отвори Центарот за мајка и бебе и досега, природно и со царски рез се родени 5 бебиња. Центарот за мајка и бебе, располага со најсовремената опрема од врвни светски производители и искусен медицински тим кои се на располагање во секое време за грижа за мајката и бебето во сите фази од бременоста и по неа. 

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Граѓаните возеа велосипеди и исцртаа мустаќ за подигање на свеста за машкото здравје на големиот настан на dm дрогерие маркт

Граѓаните возеа велосипеди и исцртаа мустаќ за подигање на свеста за машкото здравје на големиот настан на dm дрогерие маркт

МТЕЛ го финализираше купувањето на Lyca Mobile: Корисниците добиваат беспрекорна транзиција кон подобри и поквалитетни услуги

МТЕЛ го финализираше купувањето на Lyca Mobile: Корисниците добиваат беспрекорна транзиција кон подобри и поквалитетни услуги

НБO: Зелениот картон е во функција. Непрактична е идејата за укинување на Зелената карта само за државите од CEFTA

НБO: Зелениот картон е во функција. Непрактична е идејата за укинување на Зелената карта само за државите од CEFTA

Македонски Телеком со нов концепт на продавница и уникатен пристап кон корисниците

Македонски Телеком со нов концепт на продавница и уникатен пристап кон корисниците

Новогодишна наградна игра: Веро доделува половина милион денари за најсреќниот потрошувач

Новогодишна наградна игра: Веро доделува половина милион денари за најсреќниот потрошувач

80 години Народен театар Битола: Културата како темел за иднината, бизнисот како поддршка за нејзината трајност

80 години Народен театар Битола: Културата како темел за иднината, бизнисот како поддршка за нејзината трајност

ТИТАН УСЈЕ продолжува со инвестициите во дигитализација и имплементација на решенија базирани на вештачка интелигенција

ТИТАН УСЈЕ продолжува со инвестициите во дигитализација и имплементација на решенија базирани на вештачка интелигенција

Зоран Спасов Ѕоф: Ако не се расплачеш или насмееш читајќи ја „И јас сум Сирма“ не си човек!

Зоран Спасов Ѕоф: Ако не се расплачеш или насмееш читајќи ја „И јас сум Сирма“ не си човек!

Донација на НЛБ Банка за Клиниката за гинекологија и акушерство - Интраклинички транспортен систем за респираторна терапија на предвремено родени бебиња

Донација на НЛБ Банка за Клиниката за гинекологија и акушерство - Интраклинички транспортен систем за респираторна терапија на предвремено родени бебиња