ГРАЃАНИТЕ ЗАМИНУВААТ ВО СТРАНСТВО: Колкав број пријавиле промена на живеалиштето?
Објавено во: Економија 25 Ноември, 2025 07:56
Голем број наши сограѓани заминуваат на работа во странство, а статистиката на Министерството за внатрешни работи(МВР) покажува дека неколку илјади луѓе пријавиле престој надвор од државата, но и живеалиште надвор од границите на Македонија. Заминуваат поединци, но и цели семејства.

Престој надвор од државата до 3 месеци од јули 2024 година до септември 2025 година пријавиле 2.558 луѓе, од кои полнолетни се 1.233, а малолетни се 1.325.

Во истиот период, според статистиката на полицијата, 4.066 граѓани пријавиле живеалиште надвор од државата, од кои 3.118 се полнолетни, а малолетни се 948.
„Согласно член 8 од Законот за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето на граѓаните, „Граѓанинот кој има намера да престојува во странство подолго од три месеци должен е непосредно пред заминувањето да го пријави одењето во странство, односно во рок од три дена да го пријави враќањето во живеалиштето во Република Северна Македонија“. Во случајот од став 1 на овој член граѓанинот е должен да ги пријави и малолетните деца кои патуваат со него. Членот 9, пак предвидува дека при пријавувањето и одјавувањето на живеалиштето, односно престојувалиштето, МВР на лицето му издава потврда ( ова е вториот дел од пријавата која заверена и потпишана му се издава на граѓанинот). Образецот е пропишан со Правилникот за обрасците за пријавување и одјавување на живеалиште и престојувалиште, пријавување на промена на адреса на станот на граѓаните, за евиденција и за образецот на книгата за гости“, стои на интернет страницата на МВР.
Сепак, граѓаните не секогаш се информирани за законските регулативи.
„Сум одела во Хрватска на работа, сум останувала 3 или 6 месеци таму, но не сум се одјавувала овде, ниту сум се пријавувала дека ќе бидам во странство. Знам само дека таму штом ќе отидам мора да ме пријават, а не сум информирана ништо повеќе на темата“, вели Македонка која работела во Хрватска.
Ако гледаме на ниво на држава, од јули лани до септември годинава, промена на жителство од една во друга општина извршиле 16.746 луѓе, од кои 13.782 се полнолетни, а малолетни се 2.964. Бројките покажуваат дека во летните месеци, јули и август е поголем бројот на луѓе кои направиле промена на жителство.

Инаку, за локалните избори се случува граѓани кои долго живеат во странство да дојдат да гласаат овде и тогаш се актуелизира темата дали нашинците ги одјавуваат живеалиштата. Во Кичево, но и во други општини пристигнаа гласачи од дијаспората.
Сања Атанасовска* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“
Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември
Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен
Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените
Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава
Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања
Германската Heidelberg Postpress бара стабилната деловна средина и квалификувани работници - ТИРЗ Скопје и Штип меѓу потенцијалните локации
Инженери на РМ: ВМРО-ДПМНЕ да ја повлече наплатата од 200 денари за пристап до мрежа, како што вети





