ЕДЕН УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТ КАЗНЕТ ЗА НЕПОЧИТУВАЊЕ НА ЗАКОНИТЕ - АХВ спроведе вонредни контроли во зимските туристички центри

Објавено во: Македонија 26 Јануари, 2025
Еден угостителски објект е казнет и изречен му е налог за итна регистрација откако Агенцијата за храна и ветеринарство спроведе повеќе котнроли во зимските туристички центри низ земјва.
Нивните контроли утврдиле дека од 18 оператори со храна, кои ги посетиле, само еден имал недоследнсот во работењето, и истиот не бил регистриран како оператор со храна во АХВ, додека останатите објекти работеле согласно законите.
- По засилените вонредни контроли кои инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги спроведоа кај операторите со храна пред новогодишните и божиќните празници, контролите во угостителските објекти, домовите за стари лица и кујните во градинските и училиштата, во новата година, покрај со редовните, продолжува циклусот на спроведување и на засилени, вонредни контроли.
Во петокот, на 24.01.2025 година, како атрактивни за граѓаните во овој период од годината, АХВ спроведе вонредни контроли во угостителските објекти и објектите за малопродажба во зимските туристички центри. Контролирани беа вкупно 18 оператори со храна во скијачките рекреативни центри Попова Шапка, Маврово, Пониква, Крушево, Пелистер и во Михајлово.
Инспекциските служби на Агенцијата утврдија недоследност во работењето само кај еден оператор, односно истиот не бил регистриран во АХВ како оператор со храна.За констатираната недоследност изречена е парична казна и даден е налог за итна регистрација - појаснуваат од АХВ во соопштението испратено до медиумите.
Од Агенцијата воедно додаваат дека кај другите контролирани оператори со храна, не се утврдени отстапувања од законските прописи за безбедноста на храната.Фото: Архива
Можеби ќе ве интересира
АДВОКАТОТ ДРАГАН ПЕШЕВСКИ ОБВИНУВА: Иако лекари му препорачаа да се лекува дома, Горан Ангелов-Ќосето со три скршени ребра е вратен во затворот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Семејството на Јованов се појави во јавност и изрази сочувство до Кулакови

ТРАМП ЌЕ ДЕПОРТИРА И ЛУЃЕ ОД БАЛКАНОТ: Додик не сака да прими тврдокорни исламисти

МАЈКАТА НА ЈОВАНОВ: Загубата е ненадоместлива и непрежалива, се зацрнија два дома

ФОРИН ОФИС: Британските граѓани да внимаваат при патувања во Македонија

ПОЖАР ВО СТРУМИЦА: Се запалила просторија во училиште

ТРАЈКОВСКИ ТРПЕЛ ЗАКАНИ ОД ЧЛЕНОВИ НА „ДЕСНА“: Му рекле дека ќе падне во бунар ако не внимава што зборува
АПЕЛАЦИЈА ЈА СМЕНИ КАЗНАТА: Васил Јованов доби 3 години и 10 месеци затвор за претходно дело

СЕ ЗАГЛАВИЛ ВО РАБОТНА МАШИНА: Работник од Бангладеш загина во кратовско
