29 Ноември, 2024
0.0296

ГРАЃАНСКИТЕ ОБВРЗНИЦИ НЕМА ДА ГИ ЗАГРОЗАТ ДЕПОЗИТИТЕ, Бесими најавува инвестиции во капитални проекти

Објавено во: Финансии 19 Мај, 2023

Добивај вести на Viber

Не се очекува граѓанската обврзница да се одрази негативно врз депозитите во банките, истакна министерот за финансии Фатмир Бесими. 

Тој во интервјуто за националната телевизија се осврна и на најавеното издавање на граѓанската обврзница, кое како што самиот информраше треба да се реализира веќе во јуни. 

Според него, новата обврзница нема негативно да влијае врз депозитите во банките и дека улогата на обврзниците е да придонесат во развојот на економијата.

- Средствата од граѓанските обврзници се предвидени во Буџетот за 2023 година, и истите ќе се користат за финансирање на капитални проекти - рече министерот без да прецизира за какви проекти би се користеле средствата. 

Тој дополни дека засега нема промени во однос на проекциите за еконмскиот раст, дека се следи реализацијата, но дека неизвесноста доаѓа од развојот на состојбата во Украина и нејзиното влијание врз економијата во ЕУ, која е наш најголем трговски партнер.


Фактор веќе објави дека домашните економисти очекуваат граѓаните да загризат за новите оврзници, иако и досега можеле да инвестираат во државни обврзници преку банките.

Поресорот Марјан Петрески за Фактор појасни дека со зголемување на популарноста на обврзниците, ќе се зголемат и инвестиции во нив што ќе води кон развој на финансискиот пазар во земајва. Дополнително, воведувањето на граѓански оврзници по потенцијално повисоки камати отколку банкарските камати ќе предивика и раст и кај каматите на депозитите. 

Сепак, и понатаму останува енигма висината на каматата на граѓанските обврзници, за која министерот најави дека ќе биде повисока од каматите на депозитите во банките. 

Додека во финансиските кругови во земјава моментално е најактуелна темата за граѓанските обврзници, кои Министерството за финансии планира да ги издаде во јуни и од кои има намера да собере околу 50 милиони евра, а јавноста сеуште нема информација колку ќе изнесува нивната каматна стапка, државата си издаде државна обврзница.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

КОМПАНИИТЕ ЌЕ МОЖЕ ДА ПОДИГНУВААТ ПО 10 МИЛИОНИ ЕВРА - еве ги условите за користење пари од унгарскиот кредит

КОМПАНИИТЕ ЌЕ МОЖЕ ДА ПОДИГНУВААТ ПО 10 МИЛИОНИ ЕВРА - еве ги условите за користење пари од унгарскиот кредит

АМЕРИКАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТАР ПРЕДУПРЕДУВА: Хонг Конг стана центар за перење пари и избегнување санкции

АМЕРИКАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТАР ПРЕДУПРЕДУВА: Хонг Конг стана центар за перење пари и избегнување санкции

ФЕД НАЈАВУВАА НАМАЛУВАЊЕ НА КАМАТНИТЕ СТАПКИ - НО ПОСТЕПЕНО: еве што значи тоа

ФЕД НАЈАВУВАА НАМАЛУВАЊЕ НА КАМАТНИТЕ СТАПКИ - НО ПОСТЕПЕНО: еве што значи тоа

ЗА БАНКАРИТЕ И ФОНДОВИТЕ НЕМА ЗИМА, ДРЖАВАТА СЕ ЗАДОЛЖУВА И ПЛАЌА ДОБРИ КАМАТИ - нови обврзници од 90 милиони евра

ЗА БАНКАРИТЕ И ФОНДОВИТЕ НЕМА ЗИМА, ДРЖАВАТА СЕ ЗАДОЛЖУВА И ПЛАЌА ДОБРИ КАМАТИ - нови обврзници од 90 милиони евра

ПАДНАА ЦЕНИТЕ НА КОПАОНИК: Еве колку чини да стасате до скијалиштето

ПАДНАА ЦЕНИТЕ НА КОПАОНИК: Еве колку чини да стасате до скијалиштето

ФИЛИПЧЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Не е точно дека е со историски најниска камата

ФИЛИПЧЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Не е точно дека е со историски најниска камата

ИНТЕРВЈУ ЛАЗЕ КАМЧЕВ, НЛБ ФОНДОВИ: Инвестициските фондови не се само за богатите, тие нудат опции за секој инвеститор

ИНТЕРВЈУ ЛАЗЕ КАМЧЕВ, НЛБ ФОНДОВИ: Инвестициските фондови не се само за богатите, тие нудат опции за секој инвеститор

КОЛКАВИ СЕ ГЕРМАНСКИТЕ ПЕНЗИИ? Еве кој зема највисока и каде

КОЛКАВИ СЕ ГЕРМАНСКИТЕ ПЕНЗИИ? Еве кој зема највисока и каде

НИНА НЕДАНОСКА, ШПАРКАСЕ БАНКА, ЗА ФАКТОР: Се вклучуваме во пласирање на средствата од унгарскиот заем, така ќе градиме долгорочно партнерство со нашите клиенти

НИНА НЕДАНОСКА, ШПАРКАСЕ БАНКА, ЗА ФАКТОР: Се вклучуваме во пласирање на средствата од унгарскиот заем, така ќе градиме долгорочно партнерство со нашите клиенти