Гранати најдени во водите на Охридското езеро
Објавено во: Македонија 17 Октомври, 2016
Во водите на Охридското Езеро, пронајдени се две гранати.
Тие биле на длабочина од околу 3 метри и на 50 метри од брегот.
Нив вчера ги забележал И.А. 35-годишен жител на Охрид, кој пријавил во СВР Охрид. Полициски службеници извршиле преглед и го означиле местото.
Информиран бил и Центарот за управување на кризи, како и Дирекцијата за заштита и спасување.