27 Април, 2025
0.0291

„Гранит“ и кога помалку работи повеќе заработува! Како направи добивка од 2,3 милиони евра?

Објавено во: Економија 04 Ноември, 2024 07:57

Добивај вести на Viber

 Додека македонскиот градежен гигант чека подобри денови за својата оператива добро заработува од одлуката за купување акции во „Комерцијална банка“ која од оваа перспектива се покажа како одличен деловен потег на менаџментот на „Гранит“. Нивната инвестиција во тие акции на „Гранит“ годинава му донесе дивиденда од 1,8 милиони евра, а пазарната вредност на тоа вложување порасна за 18,3 милиони евра

Најголемата македонска градежна компанија „Гранит“ видела и подобри денови, покажуваат најновите финансиски резултати за нејзиното работење во првите девет месеци годинава.

Добивката е на повисоко ниво од истиот период лани и изнесува 2,3 милиони евра, а тоа е 29 отсто подобро од 2023 година. Но добивката е резултат на одличната стратешка инвестиција на Страшо Милковски поранешниот прв човек на компанијата. Своевремено, пред 5 години, „Гранит“ купи акции во „Комерцијална банка“ и тоа пакет од околу 4 отсто од сите акции со право на глас во „Комерцијална банка“.

Благодарение на таа мудра инвестиција годинава „Гранит“ наплати од таа банка наплати дивиденда во вредност од речиси 1,8 милиони евра. Таа дивиденда придонесе „Гранит“ да книжи добивка од 2,3 милиони евра.

Колку била добра и стратешки издржана одлуката на Милковски постариот кажува само еден факт. Капиталната добивка на „Гранит“ на тие акции изнесува 18,3 милиони евра односно толку би заработил „Гранит“ ако сега одлучи да ги продаде акциите (капитална добивка во смисла на разлика меѓу набавна и сегашна односно пазарна цена на таа акција н.з.).

Меѓутоа очигледно дека македонскиот градежен сектор се соочува со значајни предизвици. Градежништвото не ги живее најдобрите денови, а барометар за тоа е „Гранит“ водечка македонска градежна индустрија.

За девет месеци „Гранит“ работел само на домашен пазар. Приходот од продажба изнесува 42,4 милиони евра и е 23 отсто помал од истиот период лани. Состојбата на залихите на крај на септември изнесува 2,66 милиони евра и е за 4 отсто повисока од истиот период во 2023 година.

Оперативните расходи на „Гранит“ во овој период се 42,7 милиони евра и се за 33 отсто пониски од претходната година. Очигледно е дека обемот на работа е значајно намален. Штом градежништвото има помалку работа тоа укажува дека целокупната стопанска активност во тој период не бележи раст, напротив,  е во корекција.

Најголемата ставка во расходната структура на „Гранит“ се услугите со карактер на материјални трошоци и тие изнесуваат 16,1 милиони евра. Очекувано, намалени се за 37 отсто од лани. Трошоците за суровини и материјални се на ниво од лани и изнесуваат 11,3 милиони евра. Тоа значи дека „Гранит“ во овој период купувал суровини и материјали и веројатно во идниот период очекува зголемување на нарачките.

Трошоците за вработените изнесуваат 9,9 милиони евра и бележат минимално снижување од 3 отсто.

Се погоре креирало оперативна добивка на „Гранит“ од 640.000 евра. Логично како и приходите и таа книжи намалување од 33 отсто во споредба со претходната година.

Останува да видиме како врз работата на „Гранит“ може да влијае зголемувањето на градежните активности на „Бектел и Енка“ односно отпочнувањето на изградба на автопат Гостивар – Кичево.


Можеби ќе ве интересира

Инспектори по охридското крајбрежје, 12 угостители на плажите не ги исполнувале безбедносните услови

Инспектори по охридското крајбрежје, 12 угостители на плажите не ги исполнувале безбедносните услови

„Валамар“ ја зголемува основната плата од мај во Хрватска, готвачите и келнерите ќе имаат плата до 2.000 евра

„Валамар“ ја зголемува основната плата од мај во Хрватска, готвачите и келнерите ќе имаат плата до 2.000 евра

Украина не го потпишува кончениот договор за минерали

Украина не го потпишува кончениот договор за минерали

ТРГОВЦИТЕ ДО ТРАМП: Полиците ќе останат празни

ТРГОВЦИТЕ ДО ТРАМП: Полиците ќе останат празни

СЕ ЗГОЛЕМУВААТ ПЛАТИТЕ ВО СРБИЈА: Објавени се нови податоци за просечната заработка

СЕ ЗГОЛЕМУВААТ ПЛАТИТЕ ВО СРБИЈА: Објавени се нови податоци за просечната заработка

ЧЕТВРТА ЕКОНОМИЈА ВО СВЕТОТ: Калифорнија ја движи нацијата напред

ЧЕТВРТА ЕКОНОМИЈА ВО СВЕТОТ: Калифорнија ја движи нацијата напред

ПОЧИНА ПОЗНАТИОТ УГОСТИТЕЛ И ПРЕТСЕДАТЕЛ НА НУК, ЗДРАВКО ЈОСИФОВСКИ - роднините и пријателите се простуваат од него

ПОЧИНА ПОЗНАТИОТ УГОСТИТЕЛ И ПРЕТСЕДАТЕЛ НА НУК, ЗДРАВКО ЈОСИФОВСКИ - роднините и пријателите се простуваат од него

„АЛКАЛОИД“ ОТВОРИ НОВИ ХОРИЗОНТИ ВО ТРЕТМАНОТ НА ГЕРБ СО ТЕЧНИОТ ОМЕПРАЗОЛ: ВО ЗАГРЕБ ОДРЖАНА ПРВАТА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ИНОВАТИВНИ РЕШЕНИЈА ВО ТРЕТМАНОТ НА ГЕРБ КАЈ ПЕДИЈАТРИСКИТЕ ПАЦИЕНТИ

„АЛКАЛОИД“ ОТВОРИ НОВИ ХОРИЗОНТИ ВО ТРЕТМАНОТ НА ГЕРБ СО ТЕЧНИОТ ОМЕПРАЗОЛ: ВО ЗАГРЕБ ОДРЖАНА ПРВАТА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ИНОВАТИВНИ РЕШЕНИЈА ВО ТРЕТМАНОТ НА ГЕРБ КАЈ ПЕДИЈАТРИСКИТЕ ПАЦИЕНТИ

МЕПСО нема да смее да се продава со новиот Закон за енергетика

МЕПСО нема да смее да се продава со новиот Закон за енергетика