ИЗВОЗОТ СЕ НАМАЛИЛ ЗА 6 ПРОЦЕНТИ, МАЛ ПАД И КАЈ УВОЗОТ: еве кои производи се „најбарани“

Објавено во: Економија 04 Ноември, 2024 14:25
Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија, во периодот јануари – септември годинава, изнесува 5.861,1 милион евра и бележи пад од 6,1 процент во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 8.205,4 милиони евра, што е за 0,5 отсто помалку во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит е 2.344,3 милиони евра, соопшти Државниот завод за статистика.
Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – септември 2024 година, изнесува 71,4 проценти.
- Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821,1 и други катализатори на носачи.
Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и други моторни возила за превоз на лица - пишува во изветшајот на ДЗС.
Статистичарите посочуваат дека во периодот јануари – септември 2024 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Кина и Србија.
Можеби ќе ве интересира
ПЛАТА ОКОЛУ 812 ЕВРА: Колку Хрвати ја примаат оваа сума?

ПУТИН СЕ ПОФАЛИ: Русија е број еден во Европа по БДП и четврта во светот

Директорка за човечки ресурси откри која грешка во CV-то може да ве чини скапо

СТАТИСТИКА ОБЈАВИ НАЈНОВИ ПОДАТОЦИ: Koлкава е просечната плата во Македонија?

ЗА САМО ДВА МЕСЕЦИ: Минималната кошничка поскапела за 2.000 денари

Божиновска во теренска посета на ХЕ „Козјак“: Пример за стратешко инвестирање во обновливи извори на енергија

ЕСМ вонредно купи струја од трговци по пожарот во РЕК Битола

Бобан Милошески - Авалон Продукција во „Бизнис Муабети“: На Брус Спрингстин и на Горан Бреговиќ не им се јасни новите трендови

Димитриеска Кочоска: Не е страшно да се надмине психолошката граница на задолжување
