26 Декември, 2024
0.0337

ПОПУЛАРЕН АМЕРИКАНСКИ ЛАНЕЦ ЗА БРЗА ХРАНА ДОАЃА ВО СОСЕДСТВОТО: Работи во повеќе од 30 земји, сега ќе го имаме во близина

Објавено во: Економија 04 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Американскиот ланец за брза храна инспириран од мексиканската кујна „Тако Бел“ наскоро влегува и на српскиот пазар.

„Тако Бел“ минатиот месец го отвори својот прв ресторан во соседна Босна и Херцеговина. Ексклузивната франшиза за „Тако Бел“ во БиХ, како и во осум земји од регионот, ја има сараевската компанија „Тастра Бел“.

Во мај годинава „Тастра Бел“ основа своја филијала во Србија, со седиште во деловниот дел на Нов Белград.

Според неофицијални информации на N1, во тек се подготовките за отворање на првиот ресторан „Тако Бел“ во Србија, а една од првите локации треба да биде во населбата Белград на вода.

Дека „Taco Bella“ се приближува на пазарот во Србија, е потврдено и на Инстаграм профилот на овој популарен ланец за брза храна за Босна и Херцеговина. Имено, на прашањето на еден корисник дека во Белград нема таков ресторан, тие кратко одговориле: „Наскоро!“

Гледајќи го Регистарот на национални интернет домени на Србија (RNIDS), може да се забележи дека претставништвото на „Taco Bella“ во Босна и Херцеговина во март оваа година го регистрираше интернет доменот tacobell.rs.

„Taco Bell“ е глобален ланец на ресторани за брза храна што нуди тако, бурито и други специјалитети инспирирани од мексиканската кујна.

Овој ланец ресторани е дел од корпорацијата „Yum! Brands“ (KFC, Pizza Hut...) и работи во повеќе од 30 земји низ светот.

Б92

Можеби ќе ве интересира

ДВЕ СЦЕНАРИЈА НА ММФ: Што ја чека економијата на Украина?

ДВЕ СЦЕНАРИЈА НА ММФ: Што ја чека економијата на Украина?

КРЕМЉ СЕ ПОФАЛИ: Девет земји ќе се приклучат на БРИКС во 2025 година

КРЕМЉ СЕ ПОФАЛИ: Девет земји ќе се приклучат на БРИКС во 2025 година

ИЗБРАНА НОВА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА КОНКУРЕНЦИЈАТА - Малинка Силјановска-Николиќ ќе ја води КЗК, еве кои ќе бидат членовите

ИЗБРАНА НОВА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА КОНКУРЕНЦИЈАТА - Малинка Силјановска-Николиќ ќе ја води КЗК, еве кои ќе бидат членовите

MИЦКОСКИ: Преговараме со 15 нови странски инвестиции, едната е во вредност од 360 милиони евра и 500 нови работни места

MИЦКОСКИ: Преговараме со 15 нови странски инвестиции, едната е во вредност од 360 милиони евра и 500 нови работни места

МЕРЦЕДЕС ОСТАНУВА БЕЗ ПОЗНАТАТА ЅВЕЗДА СО ТРИ КРАЦИ: Производителот прогласи банкрот по 200 години постоење

МЕРЦЕДЕС ОСТАНУВА БЕЗ ПОЗНАТАТА ЅВЕЗДА СО ТРИ КРАЦИ: Производителот прогласи банкрот по 200 години постоење

ИНТЕРВЈУ ТОМЕСКИ: Намалувањето на каматните стапки на финансиските вложувања и неповолните демографски движења - предизвик за осигурувањето на живот

ИНТЕРВЈУ ТОМЕСКИ: Намалувањето на каматните стапки на финансиските вложувања и неповолните демографски движења - предизвик за осигурувањето на живот

„АЛКАЛОИД“ 2024, УСПЕШНИ ЧЕКОРИ КОН ИДНИНАТА - Обраќање на Генералниот директор, Живко Мукаетов

„АЛКАЛОИД“ 2024, УСПЕШНИ ЧЕКОРИ КОН ИДНИНАТА - Обраќање на Генералниот директор, Живко Мукаетов

Димитриеска Кочоска: Поврат на ДДВ доцни само кај компании што се проверуваат

Димитриеска Кочоска: Поврат на ДДВ доцни само кај компании што се проверуваат

Пауел го избрка Дедо Мраз од пазарите на капитал

Пауел го избрка Дедо Мраз од пазарите на капитал