„Гранит“ ќе подели 422.000 евра награди, кои се добитниците?
Објавено во: Економија 09 Јули, 2019 06:42
Акционерите на „Гранит“ ќе поделат 422.000 евра награди за менаџментот и за раководниот кадар. И покрај тоа што ова е позитивна корпроративна практика не добивме одговор од управата на „Гранит“ колкумина ќе ги поделат овие пари и колку има за членовите на Управниот одбор
Најголемата македонска градежна компанија „Гранит“ ќе подели 422.000 евра награди на членовите на менаџерскиот тим и на раководниот кадар, одобриле акционерите на таа компанија на собранието одржано на 19 јуни годинава. Во предлог одлуката што беше објавена во мај годинава пишува дека „Гранит“ ќе подели 26 милиони денари од добивката за 2018 година за награди на менаџерскиот тим и на раководниот тим на компанијата. Останатите 2,11 милиони евра добивка по оданочување компанијата ќе ги реинвестира.
Во интерес на целосно и објективно информирање на јавноста, особено заради тоа што „Гранит“ е компанија чија акција е многу тргувана и има повеќе од 4.500 акционери – домашни физички лица, „Фактор“ побара од управата на „Гранит“ информација која се однесува на предлог одлуката за награди. Гледајќи на наградувањето како општествена вредност која е значајна за унапредување на корпоративната култура на 26 јуни ги прашавме првите луѓе на „Гранит“:
- на колкав број лица се однесува наградата за менаџерскиот и на раководниот тим во бруто износ од 26 милиони денари?
- колкав е износот предвиден за лицата од Управниот одбор и колку лица се опфатени од Управен одбор?
До сега не добивме одговори, а ако ги добиеме ќе ги објавиме во целост.
Кој се може да добие награда?
Од достапните јавни податоци се гледа дека во Управниот одбор т.е. менаџерскиот тим на „Гранит“ членуваат еден од двајцата најголеми поединечни акционери Зоран Милковски, неговиот татко Страшо (кој е претседател на УО), Андреа Серафимовски, Виолета Божиновска и Венко Зафиров. Од веб страницата на „Гранит“ се гледа дека работењето на компанијата е организирано во 7 сектори од кои најголем обем на работи има во секторот за оператива кој е организиран во подсектор за оперативни организациони единици и во подсектор за услужни организациони единици.
Како што веќе пишувавме Зоран Милковски, оперативно прв човек на оваа компанија од своите 8,2 отсто акции ќе добие и нето дивиденден износ од 104.800 евра.
Р.Ф.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ЗА ПЕНЗИЈА СЕ БРИШЕ ВОЗРАСТА, ЌЕ ОДЛУЧУВА СТАЖОТ: Голема пензиска реформа во Германија
КУМОТ НА AI ТВРДИ: Ќе имаме повеќе слободно време, но нема ни да имаме работа
Овие седум вештини можат да ви ја подобрат кариерата, можете да ги научите за помалку од месец
РАБОТА E ЛЕСНО ДА СЕ НАЈДЕ, А ПОЛА ПЛАТА Е ДОВОЛНА ЗА УДОБЕН ЖИВОТ: Откриена е нова ветена земја за Балканците
Има ли ризици за цената на златото во 2026 година?
Никој не сака да работи за 1.600 евра: Локалите се затвораат
МАКЕДОНИЈА СЕПАК ЌЕ ПРАЌА ГОРИВО ВО СРБИЈА: Еве што вели почесниот претседател на Унијата на работодавачи на Србија





