19 Декември, 2025
0.0790

Грантови од 4000 евра за нови микропретпријатија и самовработување

Објавено во: Македонија 20 Февруари, 2017 13:42

Добивај вести на Viber

Со мерките за самовработување кои се остваруваат преку Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување се очекува да бидат доделени околу 1000 грантови во вредност од 4000 евра за нови микропретпријатија и нови 1000 работни места. Од оваа година нова поволност е што неповратите средства  за отворање на сопствен бизнис се зголемени за 1000 евра.

Министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими истакна дека програмата за самовработување вклучува обука за претприемништво, помош при развивање одржлив бизнис план и регистрирање на дејност, неповратни грантови во форма на опрема и материјали и менторство за време на започнување на бизнисот.

- За реализација на секое самовработување се предвидува поддршка со неповратни средства во висина од 263.940 денари од кои 246.000 денари во вид на директна поддршка за набавка на опрема или материјали, додека 17.940 денари се наменети за поддршка во вид на основна обука за претприемништво и водење бизнис. Ваучер систем за изработка на бизнис план и поддршка при регистрирање на бизнисите, рече Ибрахими.

Со програмата за самовработување лицата кои ќе отворат свој сопствен бизнис ќе имаат можност да вработат и дополнително уште едно лица за кои што ќе добијат дополнително средства од 92.000 денари со услов да го задржат на работа најмалку 12 месеци.

- 338.000 денари ќе бидат доделени во вид на директна поддршка за набавка на опрема, додека останатите 17.940 се наменети за поддршка во вид на основна обука за претприемништво и водење бизнис во времетраење од најмалку 30 часа, ваучер систем за изработка на бизнис план и поддршка при регистрирање на бизнисите, истакна Ибрахими.

Покрај оваа мерка корисниците на програмата Самовработување ќе имаат можност да ги користат поволностите и од проектот „Македонија вработува 2“.

Директорот на АВРМ  Влатко Поповски истакна дека оваа е веќе 11 по ред оперативен план откако се спроведува мерката за самовработување. Тој посочи дека лицата најпрво ќе добијат неколку часовна обука за пополнување на прашалникот, по што ќе следува обука за претприемачи.

- Првата селекција се врши врз основа на пополнетиот прашалник , а по завршената обука за претприемништво следува добивање на ваучер  со кој што ќе изберат еден од експертите кои што ги нуди Агенцијата за претприемништво на Р.М  на нивниот веб сајт со кои ќе изработат бизнис план кој понатаму ќе биде оценет дали ги исполнува критериумите и дали е оддржлив бизнис, рече Поповски.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот