06 Октомври, 2024
0.0343

Грчката криза засега не предизвика воведување нови заштитни мерки

Објавено во: Економија 07 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

НБРМ ја следи будно состојбата со јужниот сосед и солвентноста на грчкиот банкарски сектор затоа засега нема потреба од воведување на нови заштитни мерки на македонската економија и нашиот финансиски систем.

Ова се пораките кои ги соопшти гувернерот Димитар Богов откако во неделата Грците кажаа „не“ на доверителите.

„Ќе реагираме доколку биде потребно и ќе направиме се за да ја заштитиме нашата економија“, истакна гувернерот во писмена реакција.

Минатиот понеделник НБРМ побара од банките во земјата да повлечат некои свои средства од грчки банки во Грција и во странство. Се ограничија и некои трансакции, соопшти македонскиот финансиски регулатор.

Народната банка на Република Македонија (НБРМ) воведе некои  привремени мерки за заштита на финансиската стабилност на денарот во врска со кризата во Грција.

“Превентивните мерки се однесуваат на ограничување на вториот круг на капитал од жител во Република Македонија (физички и правни лица) кон грчки субјекти врз основа на нови капитални трансакции, но не и до ограничување на плаќања на веќе склучени капитални трансакции.

Тековните трансакции остануваат слободни: “не се врши ограничување на приватните трансфери, ниту на трансакции врз основа на размена на стоки и услуги, вообичаените банкарски инструменти за плаќање и кредитни инструменти кои се поврзани со набавка на стоки и услуги меѓу жителите и субјектите од Република Грција (на пример плаќање врз основа на увоз, акредитиви, гаранции, транспортни услуги, туристички и други патувања и др.). Исто така, за да се зачува безбедноста на странските инвеститори за реализација на правата од нивната сопственост во Република Македонија, не се ограничува повлекувањето врз основа на постигнатите дивиденди “, пишуваше во соопштението на централната банка на Македонија.

“Со цел обезбедување на средствата кои локалните банки ги имаат во Република Грција, македонските банки се должни да ги повлечат сите кредити и депозити од банките со седиште во Република Грција и нивните филијали и подружници во Република Грција или во странство, независно од договорената срочност. Сепак, за да се овозможи непречено одвивање на платниот промет со странство за трансакции кои не се забранети, е направен исклучок од ова барање за средства во тековните сметки кај овие банки “, објави банката.

Воведена е и експлицитна забрана за сите жители за инвестирање во грчки хартии од вредност (хартии од вредност издадени од централната банка, централната власт, локалната и регионалната власт во Република Грција, како и хартии од вредност издадени од правни лица со седиште во Република Грција и нивните филијали и подружници во Република Грција и во странство).

Можеби ќе ве интересира

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта