Грчки град оди во 7 дневен строг карантин
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 18 Декември, 2020
Грчкиот град Кожани оди во седумдневен строг карантин.
Од утре наутро се воведуваат построги мерки за заштита од дополнително ширење на коронавиурсот, јави дописничката на МИА од Атина. Мерките, што попладнево ги објави заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас се идентични како и оние кои денеска стапија во сила во три атински општини.
Полицискиот час ќе биде на сила од 18 часот до 5 часот наутро, ќе се затвораат сите продавници за малопродажба што беа отворени за услугата „click away“, како и фризерските салони и берберниците, салоните за маникир и педикир, пазарите, книжарниците, се забранети секаков вид на религиозни ритуали, ќе се спроведуваат тестирања со брзи тестови, но ќе се прават и масовни ПЦР тест на вработените во компаниите.
фото Википедија
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.