06 Октомври, 2024
0.0338

Грчките банки во регионот ставени во ефективен карантин!

Објавено во: Економија 30 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Соседите на Грција вадеа по малку пари од банкоматите во своите престолнини во понеделникот, за да се уверат дека подлабоката криза во соседна Грција не е пренесена врз банките во грчка сопственост, каде ги чуваат своите пари. Милиони од жителите на поранешните социјалистички републики Бугарија, Македонија, Албанија, Србија и Романија имаат депозити во банки, во сопственост на грчките трезори. Ова го става овој крај на Југоисточна Европа во преден план, ако грчката криза предизвика зараза, коментира Ројтерс. Централните банки на Македонија и Србија воведоа дополнителни ограничувања за движењето на капитал меѓу локалните единици и нивните матични банки во Грција, наведувајќи го тоа како превентивни мерки против евентуална зараза од Атина. "Откако ги гледав вестите на телевизија, само сакав да проверам дали се е во ред и дали можам да повлечам пари од сметката", коментира за Ројтерс жител на Софија пред филијала на Пиреос банк, која е подружница на грчката Piraeus Bank. Тој успева да стигне до парите, 100 лева од банкоматот. Потоа влегува во банкарскиот огранок, а вработените го уверуваат дека не треба да се грижи за својот депозит. Таква е и сликата во регионот - банките велат дека бизнисот оди, како и обично, а нема рестрикции или повлекувања во грчки стил. Нема и знаци за формирање на редици пред филијалите на банките во грчка сопственост. Централните банки во регионот ги поставија под ефективен карантин грчките банки, за да не бидат растресени трговсктие банки од потресите во Грција. Сепак агенцијата забележува дека соседите на Грција се нервозни и остануваат будни, по драмата во Атина. Во неделата Централната банка на Македонија соопшти дека наредила на трезорите да ги повлечат своите депозити од грчките банки и да воведат привремени мерки за да го спречат одливот на капитал од македонските поделби кон нивните грчки банки мајки. "Не забележуваме необична активност", вели претставник на Централната банка на Македонија, кој побарал анонимност. "Не сме виделе и невообичаено однесување на штедачите." Во Србија, каде четирите најголеми грчки банки поседуваат 15% од пазарот, централната банка воведе слични ограничувања за подружниците на овие грчки банки. Општо земено банките во регионот работат, прифаќаат депозити и даваат нови кредити. "Работиме вообичаено ", коментираат од Обединета бугарска банка - четвртата по големина банка, сопственост на National Bank of Greece. "Понеделник е нормален работен ден", велат за агенцијата од Пиреос банк. Во главниот град на Македонија - Скопје, филијала на Стопанска банка, сопственост на National Bank of Greece, исто функционира нормално. Во Србија дилер во локален оддел на грчката банка вели дека меѓубанкарските операции во Грција се запрени, бидејќи банките таму не работат, но коментира дека другите операции се одвиваат нормално. Дилер во Романија го потврди тоа, но додава дека е така со месеци. Во Албанија, каде што исто така нема редици пред филијалите на грчките банки, претставник на централната банка вели дека земјата нема планови да ја следи Македонија и да наметнува дополнителни ограничувања за движењето на капитал. Обработка: К.К. Извор: Ројтерс

Можеби ќе ве интересира

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта