16 Мај, 2024
0.0272

Грчките преговарачи и претставници на кредиторите ќе се состанат повторно во сабота

Објавено во: Балкан, Економија 17 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Грчки официјални претставници изјавија дека преговарачите ќе се состанат повторно утре со претставниците на кредиторите, „за да најдат допирни точки“ во комплицираните преговори за иднината на спасувачката програма на Грција, пренесоа американските медиуми.

Веста беше потврдена од Брисел од страна на портпаролката на Европската комисија Мина Андреев.

Грција е зависна од транши по две спасувачки програми од 2010 година и брзо и се трошат расположливите средства.

Преговорите со претставниците на нејзините кредитори од другите земји од еврозоната, Меѓународниот монетарен фонд и Европската централна банка не одат добро, а новата лево ориентирана влада во Атина тврди дека нивните барања се премногу строги.

Од своја страна кредиторите инсистираат дека земјата треба да достави доверливи реформи пред да и ја доделат последната транша од 7,2 милијарди евра. Без тој кредит Грција може да заостане со долгот кон ММФ следниот месец и да не биде во можност да исплаќа плати и пензии.

Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис изјавил во Вашингтон дека неговата земја е цврста во својата намера да остане во еврозоната и владата во Атина дури не ја ни разгледува можноста за излез од неа.

На конференција во Вашингтон, организирана од Институтот „Брукингс“, Варуфакис изјавил дека единствената разумна и проевропска реакција на Грција е да се обиде да постигне фер договор со кредиторите за да го избегне евентуалното излегување од еврозоната.

Варуфакис изјавил дека Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд сигурно имаат причина да бараат реформи, но истакна дека досегашниот пристап во кој се наведуваа мерки за жестоко штедење, не даде резултат.

„Се обидовме на овој лесен начин, но тој не дејствува“, изјавил Варуфакис.

Тој исто така изјавил дека Грција не може едноставно да се приспособи кон некаков си постоечки договор за својот долг, што нема да ги реши нејзините економски проблеми.

„Нема да ги прифатиме поставените цели, за кои знаеме дека нашата економија не може да ги исполни“, истакнал Варуфакис.

Можеби ќе ве интересира

НЕ САКАШЕ ДА СВЕДОЧИ ПРОТИВ СИНОТ: Почина мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

НЕ САКАШЕ ДА СВЕДОЧИ ПРОТИВ СИНОТ: Почина мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

УШТЕ ЕДЕН ПОЗНАТ БЕЛГРАДСКИ ХОТЕЛ ОДИ НА ПРОДАЖБА: Отворен пред повеќе од 100 години

УШТЕ ЕДЕН ПОЗНАТ БЕЛГРАДСКИ ХОТЕЛ ОДИ НА ПРОДАЖБА: Отворен пред повеќе од 100 години

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

(ВИДЕО) КУЛЕБА И БЛИНКЕН ЈАДЕА ПИЦА ВО КИЕВ: Порачаа дека Русија мора да плати

(ВИДЕО) КУЛЕБА И БЛИНКЕН ЈАДЕА ПИЦА ВО КИЕВ: Порачаа дека Русија мора да плати

ВУЛИН: Она што Рама не можеше да го доживее во Тирана, го доживеа во Атина

ВУЛИН: Она што Рама не можеше да го доживее во Тирана, го доживеа во Атина

КАКО АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО ЕДНА БАЛКАНСКА ДРЖАВА СЕ НАЈДЕ НА ЦРНАТА ЛИСТА НА ДОЛЖНИЦИ - си плаќаат даноци навремено и конзистентно

КАКО АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО ЕДНА БАЛКАНСКА ДРЖАВА СЕ НАЈДЕ НА ЦРНАТА ЛИСТА НА ДОЛЖНИЦИ - си плаќаат даноци навремено и конзистентно

ШТО ЌЕ ПОДНЕСУВА СИРИЗА ВО ГРЧКОТО СОБРАНИЕ ВО ВРСКА СО МАКЕДОНИЈА ? Еве ги деталите

ШТО ЌЕ ПОДНЕСУВА СИРИЗА ВО ГРЧКОТО СОБРАНИЕ ВО ВРСКА СО МАКЕДОНИЈА ? Еве ги деталите

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот