16 Декември, 2025
0.0425

Грчките власти отворија истрага за Mercedes и BMW!

Објавено во: Балкан 22 Декември, 2013 11:24

Добивај вести на Viber

Грчките власти отворија истрага поради можни даночни измами од германските производители на автомобили. Според портпаролот на грчките власти за борба против економскиот криминал најмалку две германски компании од автомобилската индустрија продавале автомобили по исклучително ниски цени на грчките дилери со цел да се избегне плаќање на даноците . Mercedes- Benz и BMW ги потврдија за WSJ истрагите. Сепак , портпаролот на BMW го отфрли обвинението за прекршување : трансфер- цените се засновани на меѓународните даночни стандарди и во согласност со правилата на ОЕЦД , како и со европското право, вели тој . Сепак одби да даде поширок коментар , осврнувајќи се на тековниот процес . На сличен начин реагираше и портпаролка на Mercedes- Benz . „Ценовната политика за пренос е во согласност со меѓународните стандарди и сите грчки и германски даночни барања се исполнети. Компанијата целосно ги поддржува истрагите“ додава таа. Портпаролка на Opel одби да ја коментира директно истрагата , но вели дека цените за трансфер на автомобили на компанијата се базираат на меѓународните стандарди . Покрај тоа, тие биле во согласност со одредбите на ОЕЦД и ЕУ . Според портпаролот на грчките власти нанесената штета на грчкиот буџет  изнесува околу 200 000 евра. Единствени кои имаат корист од ниските цени, се самите производители , вели тој . Според него, се очекува до крајот на годината, завршниот извештај да биде изготвен и испратен на Агенцијата за борба против економскиот криминал. Таа треба потоа да одлучи дали ќе преземе понатамошни чекори против производителите. Грчкиот автомобилски пазар речиси целосно се распадна поради финансиската криза последниве години . Според податоци на Европската асоцијација на производителите, месечно во 2013 година се продавале по само околу 5000 нови автомобили. Пред пет години на годишна основа се продаваа по околу 300 000 нови возила.

Можеби ќе ве интересира

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени