Грција го продолжи карантинот, но Мицотакис го прекрши
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 04 Декември, 2020
Грција го продолжува карантинот за уште една недела.
Владата која претходно информира дека карантинот на ниво на целата земјата ќе трае до 7 декември поради пандемијата на новиот вид коронавирус, објави дека оваа состојба ќе биде продолжена за уште една недела.
Премиерот Кирјакос Мицотакис доби критики затоа што очигледно ги прекршил правилата за затворање на сопствената влада, поради зголемениот случаи на заразени со корона вирус низ целата земја.
Во вторникот, во грчкиот печат и на социјалните медиуми беа објавени слики од Мицотакис и неговата сопруга Марева, кои го прикажуваат парот со велосипеди во шума околу планината Парнита северно од Атина.
На сликите, се гледа како двојката позира за фотографирање со неколку минувачи, а никој од нив не носи маски или ги почитува правилата за социјална дистанца.
Во земјата досега има над 100.000 случаи на коронавирусот.
Фото: Keep Talking Greece
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.