Грција го враќа железничкиот сообраќај од Солун преку Скопје
Објавено во: Економија 03 Јуни, 2017
Добри вести за граѓаните и особено компаниите кои го користеа железничкиот Коридор 10 откако грчката државна железничка компанија Треиносе реши да го обнови сообраќајот од Солун до Белград преку Скопје, а во летната сезона возовите ќе патуваат и до Букурешт преку Софија.
Меѓународните патнички возови за Скопје и Белград ќе се движат секој ден, а оние за Софија и Букурешт ќе сообраќаат од 4 јуни и ќе патуваат само во недела.
Железничкиот сообраќај беше во прекин, бидејќи Владата во Атина одлучи дека нема финансиски средства за да ја поддржи. Сега надежите се дека тие возови ќе придонесат за зголемување на туристичките патувања