Грција не е во војна со ЕУ и ММФ
Објавено во: Балкан 05 Ноември, 2013
Грчкиот премиер Андонис Самарас во пресрет на пристигнувањето на „тројката“ изјави дека земјата не е во војна со Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд.
За време на посетата на Атина, тимот на Меѓународниот монетарен фонд, Европската комисија и Европската централна банка ќе одлучи дали на Грција да и ја исплати следната транша од договорениот заем.
Посетата на тимот е најавена, откако Грција го изнесе новиот предлог за пополнување на дупката во буџетот за 2014 година.
- Пред се сакам да кажа дека треба да се елиминира помислата дека сме во некој вид на војна, изјави Самарас синоќа, нагласувајќи дека Грција само води преговори.
Инспекторите на „тројката“ кон средината на септември ја почнаа проценката на напредокот на Грција во исполнувањето на договорените цели, но на крајот на септември направија пауза на процесот на оценка, наведувајќи оти тоа го прават од технички причини.
Според проценките на „тројката“, Грција до 2015 година ќе се соочи со финансиски дефицит од 10,9 милијарди евра, поради што ќе биде потребно да се спроведат дополнителни кратења.
Меѓутоа коалициската Владата на Самарас предупреди дека земјата, која е погодена од рецесија, не може да си дозволи нови намалувања на платите и пензиите