18 Декември, 2025
0.1572

Грција пред време ќе го враќа јавниот долг за да се врати на нивото од пред кризната 2009

Објавено во: Економија 11 Октомври, 2025 20:59

Добивај вести на Viber

Според новиот нацрт-буџет на Грција, јавниот долг ќе изнесува 359 милијарди евра следната година, или 137,6 отсто од БДП (намалување од 7,8 процентни поени од БДП во споредба со 2025 година).

За споредба во 2010 тој изнесуваше 147,8 проценти од БДП во пикот на должничката криза, кога Грција го доби својот прв пакет за спасување.

Ова се должи на фактот дека се очекува во декември да се спроведе нова предвремена отплата на европските кредити од ГЛФ, кои имаат променлива каматна стапка. Тоа следува по отплатите на кредити од 7,935 милијарди евра во декември 2024 година, 5,29 милијарди евра во декември 2023 година и 2,645 милијарди евра во декември 2022 година. Ова се кредити од првиот меморандум, кои претставуваат најголем товар во портфолиото на долг.

Главната цел е да се отплатат овие билатерални кредити една деценија порано од нивниот последен датум на достасување, односно најдоцна до 2031 година, така што јавниот долг ќе се намали и во апсолутна смисла и како процент од БДП.

Како заклучок, врз основа на планот на министерството за финансии, перспективата е јавниот долг да се сведе под 100 отсто од БДП до 2035 година. Проекциите на ММФ се дека до 2030 година долгот на Грција ќе изнесува 125% од БДП, понизок од долгот на Италија, што, како што истакнуваат претставници на министерството, го одразува значајниот напредок постигнат во консолидирањето на фискалната позиција на Грција.


Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје