Грците се загрижени, поскапува се
Објавено во: Економија 16 Февруари, 2022
Грците се загрижени поради поскапувањата.
За 47 отсто од Грците ова е проблем, а веднаш потоа е пандемијата за 24,2 проценти од грчките граѓани, а потоа следат криминалот, националните прашања, миграцијата, според резултатите од истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата „Marc“ за телевизијата „Антена“, јави дописничката на МИА од Атина. Во однос на популарноста на лидерите на политичките партии, најпопуларен е актуелниот премиер Кирјакос Мицотакис, зад него е новиот претседател на КИНАЛ Никос Андрулакис, а на третото место е лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас. Истражувањето на агенцијата „Marc“ за телевизијата „Антена“ е направено од 8 до 12 февруари 2022 со анкетирани 1.037 граѓани. Инфлација има во Грција, Турција, и во еврозоната.
Економиите во еврозоната забавуваат, а ова и се случува и на Германија.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.