16 Декември, 2025
0.0667

Грците во пензија одат со помалку од 58 години

Објавено во: Балкан 24 Декември, 2013 19:01

Добивај вести на Viber

Грците во просек во пензија одат со 57 години и осум месеци. Оваа бројка и официјално ја потврди последното истражување на ЕЛСАТ, Грчкиот завод за статистика. Притоа се користени податоци од кварталните извештаи за 2012 година, во периодот од април до јуни за луѓе на возраст од 50 до 69 години. Истражувањето покажало дека просечната старост за одење во пензија кај мажи е 58 години, а кај жените неколку месеци помалку. Само 28,3 отсто од испитаниците велат дека задолжителното пензионирање е главна причина поради која што морале да одат во пензија. Шест од десет анкетирани лица ги исполниле условите за пензии, додека 5,7 отсто од пензионерите отишле во пензија поради здравствени проблеми. И претходно Грците беа посочувани како Европејци кои најрано одат во пензија.

Можеби ќе ве интересира

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени