06 Октомври, 2024
0.0329

Грција буре барут – кое ќе експлодира по референдумот?

Објавено во: Економија 06 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Ангела Меркел и Франсоа Оланд ги прифаќаат резултатите, вонредна седница на еврозоната веќе утре..Претседателот на Франција Оланд и германската канцеларка Ангела Меркел денес ќе се сретнат во Елисејската палата во Париз, каде ќе разговараат за референдумските резултати во Грција. Првиот човек на Европскиот совет закажа самит на еврозоната, откако Мркел и Оланд побараа состанок во вторник. Русија оценува дека можниот излез на Грција од еврозоната е еден вид шок терапија за ЕУ.  Европските лидери во најголем дел се согласни дека мора да се почитува гласот на грчките граѓани. Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц изјави дека на Грција и еврозоната им претстојат тешки искушенија и ја критикуваше грчката влада поради неодговорно однесување. Грција со рефрендумот направи чекор кон излегување од еврозоната, изјави рускиот заменик министер за економија Алексеј Лихачев. „Не можеме, а да не го разбереме ова како чекор кон излегување од еврозоната“, изјави Лихачев, но додаде дека е прерано да се тврди дека Грција ќе го одбере тој пат. Тој оцени дека можниот излез на Грција од еврозоната е еден вид шок терапија за Европската унија и додаде дека очекува пад на еврото во однос на доларот, но не катастрофален. Лидерката на децничарскиот национален фронт Марин Ле Пен ги поздрави резултатите од грчкиот референдум. После референдумот: Отпис на долгови или Grexit? Силна експлозија во Европа предизвикаа резултатите од грчкиот референдум. Највлијателните медиуми во Европа во своите првични коментари немаат јасни прогнози што ќе се случува од денес. Новинарот на германски Билд во својот коментар пишува: „Кога пред пет години прв пат дојдов во Атина за да известувам, луѓето беа на улица и протестираа против таканаречениот пакет помош. Денес граѓаните во редови стојат пред банките и создаваат резерви – во паника. Грција стана буре барут која после референдумот може да експлодира во секој момент. Поделена земја! За тоа е крива промашена политика на спасување – точно е дека тоа беше политика, но за спасување не може да се зборува. Голем број од германците не може да сфатат зошто треба да даваат свои пари за неспособната грчка Влада. Тие кои постојано најавуваат реформи, но не ги спроведуваат. На Грција конечно и треба нов почеток. Излегување од еврозоната е неопходно!. Франкфуртер алгемајне цајтунг - И што сега? „Што конретно значи оваа одлука, тоа не го знаат ниту Грците, ниту остатокот од Европа“, пишува угледниот Франкфуртер алгемајне цајтунг. „Буквално се гласаше за предлог реформи кои веќе не постојат. Во преносна смисла, се работи за иднината на владата во Атина, односот кон Брисел, европските партнери, Меѓународниот монетарен фонд. И што сега? Грција останува европска земја. Грците работат ширум Европа, младите студираат на европските универзитети. (...)Проектот на обединување нема да падне на грчкото прашање. Но, европјаните мора да се прашаат што всушност сакаат: колава моќ треба да има Брисел!: Колку хомогена треба да биде монетраната унија?“ Германските медиуми пишуваат дека бруталниот курс на штедење практично руинираше на економијата, уништи преку милион работни места, им ги скрати платите и пензиите скоро за третина. Не е чудо што грците ја исфрлија својата фрустрираност гласајќи против. Јасното ОХИ се одзва до Брисел, пишува угледниот неделник „Цајт“. „Условите во кои се гласаше го прават исходот уште позначаен – бидејќи грците рекоа НЕ, иако точно знаеа какви последици тоа може да има. Што ќе направи сега еврозоната со овој чист референдумски резултат? Европа мора да им излезе во пресрет на владата на Ципрас, на тој начин што Грција би го задржала еврото. На крајот на краиштата, грчкиот премиер во последните пет месеци се откажа речиси од сите изборни ветувања и прифати да штеди. Само од едно не се откажа – сеуште бара отпис на долгови. (...) Со резулатите од референдумот Грците ја ставија Европа пред избор: ако навистина не сакате, тогаш подобрете ја понудата. Ако не не сакате одлучете се за Grexit. Со сите последици кои тоа за Грција ги носи. Ципрас сака нови преговори Грчкиот премиер Алексис Ципрас, по референдумското „не“ на неговиот народ кон предлозите на кредиторите за штедење и реформи, сака нови преговори. Прв приоритет сега е повторното отворање на банките, изјави тој вечерва во телевизиско обраќање до нацијата. Атина е подготвена за реформи. Итно се потребни инвестиции, како и реструктуирање на долговите. Премиерот планира утре да ги собере лидерите на политичките партии. Ципрас истакна дека на референдумот нема победници и губитници. Грчкиот народ, во тешки услови, покажа дека демократијата не дозволува да биде уценувана. Р.Ф

Можеби ќе ве интересира

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта