Грција може да распише референдум за реформите
Објавено во: Балкан 12 Март, 2015 13:12
Можно е во Грција да се организира референдум ако земјата постигне договор со кредиторите. Тоа го изјави грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис.
Референдумот ќе биде за реформите кои Грција треба да одржи за да добие финансиска помош. „Не можам да исклучам таква можност. Договорот што ќе го постигнеме со партнерите ќе биде претставен пред парламентот, но не е лоша идејата да има референдум за него“, изјавил Варуфакис.
Тој објаснил дека ако договорот со кредиторите не биде постигнат до крајот на април, тоа би можело да се оцени како пораз за Европа.
На вчерашната аукција Грција успеала да продаде тримесечни државни записи (T-bills) за 1,3 милијарди евра во обид да ги обезбеди потребните средства пред крајот на неделава последователна за плаќање на обврските кон ММФ за 350 милиони евра и рок на достасување во исто време на краткорочни грчки обврзници за 1,6 милијарди евра.
Вчера станало јасно дека Грција ќе добие 555 милиони евра во кеш од приоритетни акции на грчката држава, користени за рекапитализација на банките во земјата за време на екот на финансиската криза, и од парите, кои подоцна беа пренесени на Фондот на Грција за финансиска стабилизација (HFSF), како дел од напорите за рекапитализација на грчките банки.
Можеби ќе ве интересира
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени




