Грција – пет години во режим на штедење и спасувачки програми
Објавено во: Балкан, Економија 23 Април, 2015 18:29
Денес се навршуваат точно пет години откако поранешниот премиер социјалистот Јоргос Папандреу најави дека Грција е поставена на послушност на меѓународните кредитори и дека земјата ќе биде обврзана со надворешна спасувачка финансиска помош во рамките на механизмот за поддршка на ММФ и еврозоната.
Како што забележува грчкиот сајт „наз.ин“, ова се случува пред 1825 дена, на 23 април 2010 година, оттогаш бруто домашниот производ на Грција е намален од 226,2 милијарди евра, во 2010 година на 179,081 милијарди евра во 2014 година.
Во време кога земјата, веќе е под управување на крајната левица од СИРИЗА, повторно се водат драматични преговори со доверителите на работ на банкрот, францускиот весник „Монд“ објави дека идејата за трет спасувачки пакет за Грција е заработувачка почва. Грчките весници пак ја опишуваат владата како во Атина френетично бараат пари за да се исполнат претстојните исплати.
Во годините на досегашните два меморандуми и кредитни договори, придружени со болни мерки за штедење, економијата на Грција се намали за 5,4 отсто во 2010 година, со 8,9 отсто во 2011 година, со 6,6 отсто во 2012 година, со 3,9 отсто во 2013 година, а во 2014 година го одбележа нај слабиот раст од 0,8 отсто.
Невработените од 604,6 илјади во април 2010 година порасна за пет години до 1,34 милиони.
Во овие години земјата сепак успеа да го намали буџетскиот дефицит од 15,6 отсто од БДП во 2009 година до 3,5 отсто од БДП во 2014 година.
Но, не се случи истото и со државниот долг. Од 126,8 отсто од БДП во 2009 година долгот на Грција скокна до 146 отсто од БДП во 2010 година, до 171,3 отсто од БДП во 2011 година, до 156,9 отсто од БДП во 2012 година, до 175 отсто од БДП во 2013 година, а минатата година достигна 177,1 проценти од БДП.
Билансот на тековните сметки излезе на дефицит, кој во 2009 година беше 11,2 отсто од БДП, падна на 10,1 отсто од БДП во 2010 година, до 9,9 отсто од БДП во 2011 година, до 2,4 отсто од БДП во 2012 година и забележа суфицит со 0,6 отсто од БДП во 2013 година и за 0,9 отсто од БДП во 2014 година.
„Монд“: Можен е трет спасувачки пакет
„Идејата за трет спасувачки пакет за Грција штотоку започнува“, пишува во насловот францускиот „Монд“.
Во публикацијата, цитирана од весникот „Етнос“, весникот се запира на ќор-сокакот кој требало да настане во средината на мај, ако преговорите на Грција со нејзините меѓународни кредитори не успеат и по истекот на тековната спасувачка програма во јуни.
Утрешната европска средба во Рига се очекува да биде уште една попатна станица за Грција, тврди авторката на материјалот, како што ги резимира одложувањата за земање на конечна одлука од февруари досега.
Со овие стапки, ако нема договор во средината на мај Европејците би можеле да се почуствваат принудени да одат на директно договарање за еден трет спасувачки пакет за Грција, без да биде завршен вториот. Ова сценарио се уште не стои на масата, но веќе лебди во мозоците на многу европски раководни претставници, се наведува во „Монд“.
Можеби ќе ве интересира
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени




