ГРУБИ Е КРАЈНО ВОЗНЕМИРЕН ОД КИДНАПИРАЊЕТО И УБИСТВОТО НА 14 ГОДИШНАТА ВАЊА: Мора да ги отстраниме убијците!
Објавено во: Македонија 03 Декември, 2023 23:22
Првиот заменик премиер во Владата, Артан Груби, вечерва се огласи по информацијата за убиството на четиринаесет годишната Вања Ѓ.
„Крајно вознемирен од киднапирањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска. Изразувам искрено сочувство до семејството и роднините на жртвата. Министерството за внатрешни работи и Обвинителството интензивно работеа на расветлување на случајот кој го шокираше целото општество при што ги изведоа пред лицето на правдата осомничените автори на ова грозно злосторство. Одредени поединци на социјалните мрежи се обидуваат да му дадат етничка димензија на овој злочин и оваа тенденција претставува двоен злочин. Семејството и целото општество се во болка и непребол, ја споделувам болката со сите, додека заедно мораме да ги отстраниме од нашата средина убијците, комплотистите и поттикнувачите!„ напиша тој.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




