Груби: Мукоски, Арнаудов и Василевски пуштен од суд за да дадат придонес на пат кон ЕУ и НАТО
Објавено во: Македонија 20 Октомври, 2018 20:10
Артан Груби од ДУИ во дебата со новинарот Горан Момировски во стуиото на !ТВ рече дека обвинетите Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов и Сашо Василевски биле пуштени од судот од куќен притвор откако објасниле колку е важно да се гласа на собраниската седница и да дадат свој придонес на патот на Македонија кон ЕУ и НАТО.
- Зошто драматизирате такви моменти, а не ја гледате широката позадина. Во ВМРО-ДПМНЕ има и други со демократски капацитет, не се само тие пратеници кои гласаа за отворање на уставните амандмани а потоа беа исклучени од партијата. Сигурно е тоа дека не се дадени никакви награди. Мукоски, Арнаудов и Василевски сами од својот куќен притвор побарале преку своите адвокати со гаранција да излезат затоа што го почувствувале важниот момент. Тие се сега дома, но ќе ја продолжат работата во Собранието - рече Груби како одговор на прашањето зошто баш на ден-два пред гласањето народните избраници кои ги отворија портите на Собранието на крвавиот 27 април се ослободени од куќен притвор.
Седум пратеници на ВМРО-ДПМНЕ синоќа гласаа за отворање на уставните амандмани како што налага преспанскиот договор, а со тоа коалицијата „За европска Македонија“ имаше најмалку 80 гласови за потребното двотретинско мнозинство.
Можеби ќе ве интересира
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата




