Груби: Од Охридскиот рамковен договор произлегоа многу културни институции
Објавено во: Македонија 07 Август, 2021 18:01
Првиот вицепремиер Артан Груби на панеланел -дискусијата на тема „Културата 20 години по Охридскиот договор", рече дека во последните 20 години се формирани нови институции на културата произлезени од рамковната спогодба.
Според првиот вицепремиер Груби, овие културни институции имаат произведено кадар кој може да ги води овие институции и, како што вели министерот за политички систем, да ја докаже културната кохезија на заедниците.
„Денес, за разлика од пред 20 години и 10 години пред тоа од 1991 до 2001 година, гледаме многу институции што беа формирани како резултат на Охридскиот договор, вклучувајќи ги Тетовскиот, Гостиварскиот, Кумановскиот театар, вклучително и Театарот за деца и млади во Старата скопска чаршија и Албанскиот театар, познат и како Театар на народностите, но и многу други институции од областа на културата кои се директен резултат на Охридскиот договор, како што е Институтот за културно наследство во Скопје.
Меѓутоа, спроведувањето на Охридскиот договор не застана тука, продолжи да промовира кадар кој ќе може да ги води овие институции и ќе демонстрира културна кохезија на заедниците, вклучувајќи ја Националната галерија и разни театри, а да не заборавам и една многу важна институција што ја формиравме, Ансамблот на албански народни песни и ора на РСМ, кој не подоцна од утре во салата на „Национална опера и балет" ќе ја прикаже премиерата на „Орото на мирот", рече Груби на крајот од својот говор.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




