Груби во Косово, ќе бара помош за пописот
Објавено во: Македонија 18 Март, 2021 09:07
Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби денеска ќе престојува во еднодневна посета на Приштина.
Групата ќе оствари средба со лидерите на политичките партии, Вјоса Османи, Енвер Хоџај, Лумир Абдиџику, Рамуш Харадинај, Фатмир Лимај и претседателот на Здружението за деца без родители на Балканот, Халил Кастрати.
Тема на разговор на состаноците ќе биде пописниот процес во Република Северна Македонија, се вели во најавата.
Косовскиот политичар Албин Курти, чија партија победи на неодамнешните парламентарни избори, влера упати повик до Албанците од Македонија кои се во странство да се самопопишат.
Тој објави видео на Фејсбук во кое ја повикува албанската дијаспора од Македонија да се регистрира на пописот и објави линк до веб страницата на Државниот завод за статистика.
Курти вели дека во согласност со македонскиот Устав, политичките права во земјата ги диктираат бројките и затоа регистрацијата на пописот е исклучително важна.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




