19 Декември, 2025
0.1437

Груевски - Кара: ВМРО-ДПМНЕ освои најголем број гласови, има обид тоа да се изигра

Објавено во: Македонија 08 Февруари, 2017 12:45

Добивај вести на Viber

ВМРО-ДПМНЕ освои најголем број гласови и мандати и има обид тоа да се изигра, рекол лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на средба со амбасадорката на Република Турција, Еркал Кара.

„Во продолжение беше посочено, дека после се, повторно следеа фер и демократски избори на кои ВМРО-ДПМНЕ доби нов легитимитет на избори кои никој не ги оспори, иако беа очигледни одредени влијанија кои помагаа на одредени субјекти во годината пред изборите. Се потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ освои најголем број на гласови и мандати и сега имаме ситуација каде имаме обид тоа да се изигра, и дека тоа не е добро за државата, создава нови кризи и затоа во партијата се смета дека е зрела ситуацијата за нови избори. Се посочи исто така дека во првите 20 дена од доделувањето на мандатот партијата имаше разговори за формирање на коалиција со ДУИ. Во тој период беше очигледно дека имаше вмешување на надворешни фактори вклучувајќи и соседни земји што резултираше со изработка на нова платформа на албанските партии“ - наведуваат од партијата. 

Македонија има рамковен договор кој беше договорен во 2001-та година со посредство на меѓународната заедница која, како и сите инволвирани страни, во целиот изминат период нагласуваше дека не постои можност за негово репреговарање додаваат од ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму велат дека оваа платформа се чини дека е токму тоа, и вистинското име на платформата е всушност обид за репреговарање на Охридскиот рамковен договор.

Амбасадорката објасни дека за Турција како верен и постојан пријател на Македонија важна е стабилноста на државата, и Турција е тука доколку може да помогне и доколку постои потреба за тоа.

Груевски истакна дека со Република Турција имаме одлични односи и изрази уверување дека истите ќе се надградуваат. Тој наведе  дека се цени поддршката која ја дава Турција особено на планот за интеграција во НАТО алијансата.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот