23 Јануари, 2025
0.0282

Груевски - Соумалаинен: Kога ВМРО-ДПМНЕ е победник, и одвнатре и однадвор се заборава тој принцип

Објавено во: Македонија 07 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

На барање на амбасадорот на ОБСЕ, Нина Соумалаинен, беше одржана средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, придружуван од партиските соработници Владимир Ѓорчев, Александар Николоски и Никола Попоски.  

Во однос на политичките односи и ситуација, амбасадорката кажа дека Мисијата на ОБСЕ не зазема страна и не се во позиција да промовираат никакви политички опции претставени преку партиите. Од партијата потенцираа дека тие се победници на изборите. 

На прашањето поврзано со создавање владина коалиција од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше потенцирано дека состојбата во Република Македонија е зрела за одржување на нови предвремени парламентарни избори поради тесното мнозинство кое би било направено.

За прашањето базирано на ставот на партијата, кога евентуално би можело да се  организираат парламентарни избори,  беше посочено дека од економска гледна точка во смисла на трошоци за изборите, како и другите проблеми кои ги создава секое организирање избори, би било најдобро да се за време на локалните избори, но тоа би можело да се дискутира помеѓу партиите доколку има политичка волја, а не страв и одбивање како што демонстрираше СДСМ.

„Од ВМРО-ДПМНЕ на прашањето доколку СДСМ формира Влада, дали истата ќе биде прифатлива за партијата, беше одговорено дека секоја партија која носи одлука за формирање коалиција без партијата која добила најмногу гласови и најголема поддршка од народот на изборите, треба да знае дека во исто време носи одлука да се соочува со проблеми во иднина својствени на ситуации кога се игнорира волјата на мнозинството граѓани“ - наведуваат од партијата. 

На забелешката дека постојат држави каде се случува победничката партија да не влезе во владејачката коалиција, беше одговорено дека во изминатите повеќе од десет години одвнатре и однадвор беше постојано потенцирано дека Македонија е многу различен случај, дека не е иста со останатите земји и има една специфика, а тоа е мултиетничноста, и дека во таква ситуација исклучително е важно победникот кај македонските гласачи и победникот кај албанските гласачи секогаш да коалицираат.

„Сега кога ВМРО-ДПМНЕ е победник, и одвнатре и однадвор се заборава тој принцип. Сите треба да знаат дека ако еднаш се прекрши тој принцип, истото ќе стане неповратлив процес. Затоа што не може тој принцип да важи по потреба, само кога на некој друг му одговара, и тоа веќе не е принцип. Доколку сега се отстапи од тој принцип, и  свесно се прекрши, секој еден кој во иднина кога ќе се сменат околностите, ќе помисли да дојде и повторно да се обиде да не убедува да го воспоставуваме тој принцип, треба да знае дека без дискусија ќе биде избркан од штабот на партијата, а партијата ќе коалицира со кого ќе отцени дека е најдобро за самата партија и земјата, како што е и во другите држави“ - информираат од партијата. 

За барањата за промени во делот на употребата на јазиците, кажале дека ВМРО-ДПМНЕ не се согласува со спроведување на принципот на двојазичност на целата територија на Република Македонија, не затоа што има против албанскиот јазик или Албанците во Македонија, туку затоа што тоа не би било одраз на демографската реалност во Македонија, имајќи го во обзир бројот на Македонци, Албанци и останати како и географската концетрација на жителите од албанска националност.

Можеби ќе ве интересира

ТОШКОВСКИ НЕ САКА ДА ШПЕКУЛИРА ЗА ГРУБИ: „Немаме информација каде е“

ТОШКОВСКИ НЕ САКА ДА ШПЕКУЛИРА ЗА ГРУБИ: „Немаме информација каде е“

АХМЕТИ: Вчерашната одлука на парламентарното мнозинство без етнички легитимитет за деградирање на позицијата на албанскиот јазик e скандалозна

АХМЕТИ: Вчерашната одлука на парламентарното мнозинство без етнички легитимитет за деградирање на позицијата на албанскиот јазик e скандалозна

ИН МЕМОРИАМ: Почина познатиот сликар Коле Манев

ИН МЕМОРИАМ: Почина познатиот сликар Коле Манев

Општина Центар донесе препорака за забрана за користење мобилни телефони на настава

Општина Центар донесе препорака за забрана за користење мобилни телефони на настава

ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА ЗА СМРТТА НА БЛЗНАЧИЊАТА: Еве што велат од Државниот санитарен инспекторат

ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА ЗА СМРТТА НА БЛЗНАЧИЊАТА: Еве што велат од Државниот санитарен инспекторат

АДВОКАТОТ МИТРОВСКИ ОБЈАВИ ФОТОГРАФИЈА ОД ЏИП ЗА КОЈ ТВРДИ ДЕКА Е НА АПАСИЕВ - „Драго ми е што напредуваш, ама одвој 40 денари за да го паркираш прописно“

АДВОКАТОТ МИТРОВСКИ ОБЈАВИ ФОТОГРАФИЈА ОД ЏИП ЗА КОЈ ТВРДИ ДЕКА Е НА АПАСИЕВ - „Драго ми е што напредуваш, ама одвој 40 денари за да го паркираш прописно“

Обвинителството ќе испитува како паднал ученикот од прозорец во Прилеп, но чека одговори од полицијата

Обвинителството ќе испитува како паднал ученикот од прозорец во Прилеп, но чека одговори од полицијата

ВЕНКО ОПЕРИРАШЕ, СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ УЧЕА: Филипче изврши операција на пациент со сериозен проблем со р'бетот

ВЕНКО ОПЕРИРАШЕ, СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ УЧЕА: Филипче изврши операција на пациент со сериозен проблем со р'бетот

„НЕ Е НА ГРАНИЦА ЗА ДА ПРОДАВА ЦВЕЌИЊА, ТУКУ ДА ГЛЕДА ВО КОМПЈУТЕРОТ ДАЛИ ЛИЦЕТО Е НА СТОП ЛИСТАТА“ - Тошковски за бегството на Груби, се испитува дали е организирана операција

„НЕ Е НА ГРАНИЦА ЗА ДА ПРОДАВА ЦВЕЌИЊА, ТУКУ ДА ГЛЕДА ВО КОМПЈУТЕРОТ ДАЛИ ЛИЦЕТО Е НА СТОП ЛИСТАТА“ - Тошковски за бегството на Груби, се испитува дали е организирана операција