Груевски дојде на суд за нарачаните шамари-Ќе одговара пред Фатиме!
Објавено во: Македонија 16 Декември, 2016 12:23
Екс премиерот Никола Груевски и екс минисерот за транспорт и врски Миле Јанакиески дојдоа на суд.
Тие заедно со пратеничката Даниела Рангелова утрово се појавија на судењето во случајот за насилството во Општина Центар.
СЈО ги сомнчи за насилство.
Според обвинението, првообвинетиот Груевски со умисла побарал, а Јанакиески прифатил преку партиски членови да извршат грубо насилство врз градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски и врз членови на Советот на општината.
Обвинението по куса постапка е поднесено врз база на прислушуваниот телефонски разговор на први јуни, 2013 во 20.57 часот меѓу, како што рекоа од СЈО, двајца поранешни носители на највисоки функции во извршната власт, но и врз база на 56-секунден разговор во кој е опфатен познат македонски бизнисмен, од кој произлегле цврсти докази дека насилствата биле нарачани да се спречи седницата за бришењето на ДУП-от на Мал Ринг и на други урбанистички планови.
„Мотивите се лукративни! Тие се бизнис-интереси на поединци“, рече обвинителката Фетаи и соопшти дека за овој случај имаат бројни видеозаписи, 20 сведоци на настанот и други докази.
Обвинителка во случајот од СЈО е Фатиме Фетаи, а судијка е Татјана Михајлова.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




