26 Април, 2024
0.0296

Груевски и Георгиевски со реакции по новата истрага на СЈО

Објавено во: Македонија 13 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Поранешните премиери Никола Груевски и Љубчо Георгиевски, кои сепак нема да бидат гонети поради застареност на делото, се најдоа како осомничени во новиот случај „Поштенски банки“ кој денес го објав СЈО и експресно реагираа дека немаат никаква врска со аферата.

Поранешниот премиер Никола Груевски, се јави со реакција за најновата истрага на СЈО „Поштенска банка“, за која како што вели не бил информиран дека се води предистрага, ниту, пак, бил прашан за нешто. Тој таму се споменува во својство на министер за финансии во владата на Љубчо Георгиевски.

„ Денес повторно, иако не ме внесуваат во истрагата, СЈО ме спомнуваат дека пред 17 години сум учествувал во нешто за што во тоа време, ниту како министер сум имал ингеренции да учествувам, ниту најголем дел од луѓето во тоа време лично сум ги познавал, ниту знам што и дали воопшто имало нешто противзаконско, ниту пак на било кој начин сум учествувал. СЈО или било кој друг досега не ме информирал дека се води предистражна постапка за ова, ниту ме прашал нешто за тој предмет. Очигледно, ако во ова време на политички прогони и хајки, не се спомне моето име, СЈО не го чуствуваат доволно атрактивен предметот кој го работат“, пишува Груевски во неговата реакцијата.

СО реакција излезе и Љубчо Георгиевски за истрагата „Поштенска банка“ на СЈО:

„Пред неполна година бев повикан во СЈО каде ми беше презентирана бомба – разговор на Томица Главчев со висок функционер на власта од кој барајќи одредени услуги го спомнува и Никола Груевски во контекст на неговата банка.

Односно дека Груевски во првата влада побарал од него да учествува во приватизацијата на Поштенска Банка.

Кога бил викнат во СЈО ја сменил изјавата па рекол дека во кабинетот на Георгиевски како Премиер бил повикан тој. Јас, Никола Груевски и Марјан Ѓорчев имаме побарано од него да учествува во приватизацијата.

Откако енергично негирав дека никогаш немало таков разговор тој пак ја сменил изјавата дека тој сам бил повикан од мене и таму имало неколку советници од владата. При што понудив да му ги покажат сликите од советниците затоа што имав само девет и лесно ќе ги препознае. Сите други обвинети доблесно негирале дека никогаш со мене не воделе разговор за приватизацијата на Поштенска Банка.

И тогаш пред СЈО и сега пред јавноста недвосмислено изјавувам дека немам ништо со приватизацијата со Поштенска банка а уште помалку со второто дело за кое ги товарат. Се работи за јасни постапки на приватни бизнисмени каде што целиот интерес профит е за нивните фирми. Од сите обвинети личности во животот едно пиво се немам напиено. Жал ми е што и покрај тоа што во СЈО самите ми потврдија дека Томица Главчев три пати ја сменил изјавата повторно решиле да го извалкаат моето име“, вели Георгиевски.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот