Груевски: ММФ ја демантираше опозицијата и кажа дека сме ниско задолжена земја
Објавено во: Финансии 17 Април, 2013 14:31
Позитивниот Извештај на ММФ за Македонија ги демантираше тврдењата на опозицијата и потврди дека земјата е ниско задолжена, рече премиерот Никола Груевски.
- Една година слушавме пропаганда од страна на опозицијата, би рекол од нивни блиски медиуми, како земјата пропаѓа, оди во лош правец, презадолжена е, нестабилна итн. за вчера да дојде претставникот на ММФ и по една недела истражувања да го каже сосема спротивното, односно она што ние постојано го тврдевме, така што јас сум задоволен од нивната мисија и од она што го кажаа, одговори Груевски во врска со Извештајот на светската финансиска институција кој беше презентиран вчера, по посетата на Факултетот за драмски уметности.
Тој посочи дека за време на еднонеделниот престој во Македонија, Мисијата на ММФ ги посети сите значајни институции.
- Разговараше со опозицијата, разговараше и со други релевантни претставници во земјата кои се надвор од државните институции и на крајот даде сумарна оценка која кажува дека Македонија не е високо задолжена земја, дека Македонија е една од помалку задолжените. Тоа не го кажувам јас, го кажува претставникот на ММФ, дека проблемот со ликвидноста, односно со задоцнетите плаќања е надминат, дека банкарскиот и финансискиот систем се стабилни, подвлече премиерот Груевски.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката
ПЕНЗИОНЕРИТЕ ПРЕД УСТАВЕН ГО ИЗРАЗИЈА РЕВОЛТОТ: „Се бориме за корка леб и лекови“





