19 Декември, 2025
0.2314

Груевски им се заканува на политичките противници?

ГРУЕВСКИ МУ ПОРАЧА НА ЗАЕВ: Да беше жив Гоце Делчев тој ќе ја завршеше оваа претстава!

Објавено во: Македонија 07 Декември, 2016 17:18

Добивај вести на Viber

Лидерот на владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, остро му се сврте на ривалот, првиот човек на опозицијата Зоран Заев, порачувајќи пред неговите поддржувачи во Делчево, дека да беше жив Гоце Делчев, ќе го испрател својот главен егзекутор да ја „заврши претставата“.

„Да е жив Гоце Делчев, би му го испратил (на Заев) Ќосето да ја заврши претставата“, рече екс премиерот на митингот во Делчево, само неколку дена после митингот на опозициската СДСМ .

Оваа порака предизвика остри реакции во јавноста. Дел од аналитичарите велат дека ваквите пораки предизвикуваат фрустрации и раѓаат страв кај граѓаните.

„Овој вид на несмасни политички пораки раѓаат фрустрации и раѓаат страв од некој кој пушта пораки за конкретни реперкусии за некој кој не е негов политички истомисленик. Секој кој се доживува барем малку како неистомисленик на одреден политичар кој пушта вакви пораки веројатно е сега помотивиран, барем за еден процент, да излезе и да гласа против некого“, вели професорот од Правниот факултет Јустинијан Први Ненад Марковиќ за РСЕ.

Иимето на Андон Ќосето, познат и како „Касапин“ се поврзува с низа егзекуции, вклучувајќи го убиството на сопствениот брат во сеопфатната параноична потрага за непријателите. ВМРО-ДПМНЕ споменик на Ќосето со камен во рака, постави во 2014 година пред новиот суд во Скопје.

Во реакцијата на СДСМ за оваа изјава велат дека за разлика од Груевски кој зборува за смрт, СДСМ зборува за живот.

Заев повикува на обединување, Груевски шири омраза и поделби!

Заев се гордее со идеалите на социјдемократот Гоце Делчев, Груевски го сквернави неговото име се закани за ликвидации!“, реагираа од СДСМ.

Груевски пак правдајќи се и даде одговор на СДСМ. Вели дека тоа вчера го кажал што би направил Гоце Делчев во тоа време во кое живеел, но денеска вели Груевски имаме демократска земја во која народот одлучува.

„Вчера во моето излагање кажав во тоа време во кое живеел што би направил Гоце Делчев. Денеска ја имаме слободна и независна, суверена држава, демократска, во која народот одлучува и во денешно време народот ќе го реши овој проблем на 11 декември со масовно излегување и гласање против СДСМ и политиките на Заев, во поддршка на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, посочува Груевски.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината