Груевски не знае дали ќе може да го зачува мирот, ако Заев формира Влада
Објавено во: Македонија 25 Февруари, 2017 08:28
Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски изјави дека неговата партија не знае дали ќе може да го зачува мирот и стабилноста во Македонија , ако СДСМ и албанската ДУИ формираат нова влада, бидејќи бил под голем притисок на своите избирачи.
Груевски рече дека членовите на ВМРО ДПМНЕ ќе бидат вознемирени ако се прекрши принципот владата да ја формира победник меѓу етничките Македонци со победникот меѓу етничките Албанци, што сега се ВМРО ДПМНЕ и ДУИ.
„Ќе направиме се за да го зачуваме мирот и стабилноста, но не можеме да предвидиме како работите ќе се развиваат. Ќе биде напнато, граѓаните се вознемирени, и ова прашање стана главна тема во нашата земја. Етничките Македонци се длабоко фрустрирани, соочени со неуставен закон кој ќе наметне билингвален статус ширум земјата“, рекол Груевски пред Данкан и додаде дека ВМРО ДПМНЕ затоа предложи „како најдобро решение одржување на нова рунда избори“.
Лидерот на СДСМ Заев пак најави дека за 15 дена ќе формира влада со албанските партии, меѓу кои најголема е ДУИ на Али Ахмети, што во почетокот на Груесвки не му успеа, а ВМРО ДПМНЕ освои најмногу гласови.
Сепак вчера вечерта ДУИ излезе со став дека ги даваат потписите на СДСМ и Заев ја има шансата да биде идниот мандатар.
Груевски рекол дека етничките Македонци се исфрустрирани бидејќи ДУИ ќе биде во коалиција со СДСМ и сака да издејствува неуставен закон за јазици.
Сепак овие тврдења уште на почетокот на преговорите на СДСМ со ДУИ беа строго дематирани, со образложение дека се што се договара е во рамки на уставот.
Во Скопје вчера имаше и протести по повод одлуката СДСМ во коалиција со ДУИ да биде идниот мандатар.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




