19 Декември, 2025
0.0611

Груевски нема мнозинство за Влада: Кој ќе биде следниот мандатар?

Објавено во: Македонија 30 Јануари, 2017 08:18

Добивај вести на Viber

Владеачката ВМРО-ДПМНЕ и албанската партија ДУИ не постигнаа договор за формирање на влада.

На полноќ истече рокот мандатарот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски да формира Влада.

„ВМРО-ДПМНЕ заедно со коалицијата „За подобра Македонија“ како победник на одржаните избори на кои доби најголема поддршка на граѓаните смета дека формирањето на Влада треба да ја затвори политичката криза, а не да ја продолжува. Сметаме дека нови избори се зрело решение“, пишува во соопштението на партијата на Груевски кој реши да не излезе на прес конференција.

Портпаролот на ДУИ пак изјави дека партијата на Ахмети не се одлучила за ниту една од петте опции, што значи дека преговорите за формирање на нов владин кабинет продолжуваат.

Според неговите зборови, на таа партија и требало повеќе време, бидејќи аргументите изнесени на состанокот на претседателството на ДУИ бил доста јаки.

„Дебатата на состанокот беше конструктива и добронамерна, како би се донела најдобра и најздрава одлука за сите граѓани на земјата“, рече Османи.

ДУИ имаше можност да се определи за формирање на коалиција со стариот партнер ВМРО-ДПМНЕ, со СДСМ или да формира широка коалиција, а меѓу опциите беше и да стане опозициска партија или да се оди на нови избори.

Денеска се очекува првиот мандатар да го врати мандатот. А кој ќе биде следниот чекор за формирање Влада е неизвесно. Во игра се сите опции

Изборите беа одржани на 11 декември, а тогаш ВМРО-ДПМНЕ освои 51 од 120 мандати-пратенци, додека СДСМ освои 49 а ДУИ 10 .

Можеби ќе ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата