Груевски: Становите што се продадоа не се мои
Објавено во: Македонија 16 Јули, 2025 21:04
Поранешниот македонски премиер Никола Груевски на Фејсбук пишува дека во Македонија постојат двојни аршини за судството.
„Кога некому не му одговара одлуката, тоа е корумпирано и партизирано судство со 2 отсто доверба. Кога одлуката одговара на нечии интереси, тогаш одеднаш станува швајцарски модел на правда“, пишува Груевски од Будимпешта.
Тој се јави со реакција поради продажбата на станови што беа запленети во случајот „Плацеви на Водно“. Груевски тврди дека никогаш не бил сопственик на становите што ги продава државата и дека нема никакви докази ниту сведоштва што го поврзуваат со нив.
„Ниту еден од тие пет стана не бил на мое име, ниту на мој близок. Нема уплати, договори, разговори, сведоци – ништо. Но, судот, под притисок од Зоран Заев, ги одзеде од двајца бизнисмени за да се конструира случај против мене“, пишува поранешниот премиер.
Груевски наведува дека обвинителството се потпирало на непотврдени изјави, како наводниот коментар на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков дека становите „можеби се за Никола“. Според него, се работи за политичка конструкција, за која „некои сведоци биле уценети да зборуваат, само за да избегнат кривична одговорност“.
„Во нормална држава, со вистинско судство, ова не би било можно. Но, кај нас судат врз основа на претпоставки. Без доказ, без следење на парите, без сведоци. А медиумите, наместо критички да се запрашаат, ја пренесуваат пресудата како да дошла од Цирих, а не од судот во Скопје“, додава Груевски.

Тој ги обвинува дел од медиумите и аналитичарите за селективно верување во судските пресуди, во зависност од политички или бизнис интереси.
„Ако судот пресуди против некој што не им е симпатичен, веднаш е „правда“. Ако не им одговара – тогаш е „нарачка“. Таквата неконзистентност ја уништува секоја шанса за правна држава“, вели Груевски.
На крајот, порачува дека притисоците на СДСМ и поранешниот премиер Зоран Заев врз обвинителството и судството се документирaни, и ги спомнува изјавите на поранешната јавна обвинителка Вилма Русковска за политички нарачани гонења.
Можеби ќе ве интересира
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти




