05 Декември, 2025
0.0358

Груевски: возовите ќе јурат со 120 км/час!

Објавено во: Македонија 10 Ноември, 2012 17:25

Добивај вести на Viber

Стартуваа градежните работи за ремонт на железничките делници Куманово – Табановце и Миравци – Смоквица од Коридорот 10, во должина од 26 километри. Овие активности се дел од владиниот капитален проект  за целосен ремонт на делниците долж Коридорот 10 во должина од 54 километри за кои се обезбедени 17,6 милиони евра. Во втора фаза на проектот ќе се ревитализира и делницата Ногаевци-Неготино, во должина од 31 километар. - Со почетокот на големата реконструкција на железничките пруги значително ќе се подобри функцијата на железницата, ќе се зголеми безбедноста на овој транспорт и ќе се овозможи побрзо движење на возовите до 120 километри на час со оглед дека нивната просечна брзина сега е од 40 до 50 километри, изјави премиерот Никола Груевски на почетокот на градежните работи.Ревитализацијата на пругите треба да биде завршена за една година, а ќе ги изведува германскиот конзорциум „Wiebe & Alpine“.
Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, во чиј ресор се пругите сметац дека ова е многу значаен потфат и дека е само почеток на голем број други  активности, меѓу кои и  реконструкцијата на делницата Куманово-Бељаковце од Коридорот 8 во должина од 30 километaр. - Очекуваме крајот на месецов или почетокот на следниот да имаме и распишан јавен повик за градежна компанија која ќе работи на овој проект и во првиот квартал  наредната година да склучиме договор за градежни работи,вели Јанакиески. Најдоцна до мај следната година би почнала изградбата. Владата исто така најави и подготвителни активности за ремонт на пругата Битола – Кременица што моментно не се користи. Со тоа повторно би се ставила во употреба со што ќе се подобрат можностите за транспорт и превоз помеѓу Македонија и Грција. Нејзиниот ремонт, според премиерот, е значаен и за индустриската зона „Жабени“ кај Битола, а истовремено ќе се излезе во пресрет и на барањето на бизнис-заедницата за воспоставување железничка врска помеѓу Пелагонискиот регион и северниот дел на Грција. Од Коридорот 10 предвидена е реконструкција и на железничката пруга на делниците Куманово – Дељадровце и Драчево – Велес, а ќе почнат активности и за рехабилитација и надградба и на поголемите железнички станици. Премиерот укажа и оти Владата почна проект за набавка на 150 вагони и 4 локомотиви. Во тек е избор на консултант кој треба да помогне за подготовка на тендерска документација. Кон крајот на првиот или почетокот на вториот квартал следната година треба да заврши анализата и да се објави тендерот за  набавка  и кон крајот на 2013 да се склучи договор за набавка на локомотивите  од кои поголемиот дел би пристигнале во  2014 година. Финансиите за проектот во износ од 17,5 милиони евра се обезбедени во услови кога економската криза налага поголема конкурентност и инвестиции во железничката инфраструктура  како најекономичен начин на транспорт на стоките и затоа  за Македонија е значајно да се подобри брзината на стоките, безбедноста на железницата и на  Коридорот 10 и на Коридорот 8, посочи министерот за финансии Зоран Ставрески.

Градежните работи за рехабилитација на пругите од Коридорот 10 опфаќаат санација на долниот строј на пругата, подобрување на техничките карактеристики на горниот строј на пругата преку замена на трулите дрвени прагови со нови армирано бетонски како и  замена на шините и положување нов толчаник. Исто така, со проектот е предвидено обнова на горниот строј на девет патни премини во ниво и истовремено ќе се врши замена на постојаните стојалиштата со нови бетонски елементи.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

(ВИДЕО) Пожар изби во Старата скопска чаршија

(ВИДЕО) Пожар изби во Старата скопска чаршија

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец

УХМР за утре сподели „жолт хидроаларм“ - каде се можни излевања?

УХМР за утре сподели „жолт хидроаларм“ - каде се можни излевања?

ТАЖЕН КРАЈ: Исчезнатот Миле Тодоров од Неготино е најден починат

ТАЖЕН КРАЈ: Исчезнатот Миле Тодоров од Неготино е најден починат

Костадинов ги отфрла наводите во кривичната пријава: „Стојам на располагање на надлежните“

Костадинов ги отфрла наводите во кривичната пријава: „Стојам на располагање на надлежните“