26 Јануари, 2025
0.0355

Груевски за српски „Телеграф“: Никој не може да предвиди како народот ќе реагира ако Заев ја прифати платформата!

Објавено во: Македонија 10 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Протестите во Македонија влегоа во својата втора недела, а земјата веќе две години е во тешка политичка криза. Во интервју за Телеграф.рс, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски вели дека македонскиот народ е на нозе и дека нема да се повлече. Груевски во интервјуто за Телеграф.рс говореше за можните излези од кризата, односите со Албанците и ситуацијата во регионот.

Груевски ситуацијата ја опишува како тензична и неизвесна. Објаснува дека тешко може да се очекува било што друго освен протести на граѓаните, кога како што вели, одите спротивно од нивната волја, спроведувајќи сценарио за потполно редифинирање на државата и комплетна промена на нејзиниот концепт и минато, но и со изборни измами.

„За жал, минативе месеци тоа се случува во континуитет. Граѓаните својата поддршка на предвремените избори ја дадоа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија, составена од 25 партии од сите етнички заедници – Турци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци и останати. Граѓаните се одлучија за нашата програма и проектите кои ги нудевме. Тие му го свртеа грбот на Зоран Заев и СДСМ, иако тој најавуваше убедлива победа на изборите“, вели Никола Груевски.

Тој кажа дека народот застанал на страна на неговата партија и коалицијата и покрај огромната финансиска и логистичка помош која Зоран Заев ја добивал од организацијата и логистиката на Сорос и странските центри.

„Сега повеќето граѓани кои гласаа за нас се чувствуваат изневерени. Поради одлуката на ДУИ да оди во коалиција со СДСМ, граѓаните се револтирани затоа што не се почитува волјата на повеќето Македонци. Партијата која победила во условно кажаниот македонски блок, партијата која има поддрка од мнозинството за реализација на програмата која беше понудена на изборите, сега е оневозможена во тоа поради одлуката на партијата победник во албанскиот блок“, напоменува Груевски.

Смета дека со тоа создава еден опасен преседан, чиј главен столб би бил продажба и непринципиелна трговија со интересите на државата.

„Заев им ветуваше мед и млеко на изборите, од ракав вадеше ветувања за се и сешто, за да сега после изборите им соопшти дека прифаќа платформа креирана во соседна држава со која треба да се направи комплетно редефинирање на земјата. Од мултиетничка и граѓанска држава да стане бинационална, двојазична и од унитарна да се приближи на федерална. Круна на сето тоа треба да е промена на името и идентитетот по пример на нашиот јужен сосед“, вели Груевски.

На прашањето на дали протестите на улица може да ескалираат, Груевски вели дека гневот во народот е огромен.

„Кога имате стотина илјади луѓе на улиците секој ден, значи дека проблемот е сериозен и треба да се лоцира во кого е и зошто е тој револт и проблем. Единствено решение со кое би се смирил гневот на измамените граѓани е да се слушне нивниот глас. Заев и СДСМ треба да сфатат дека народот се противи на тоа што тие на преговорите ги ставија државните и националните интереси“, додава Груевски.

Можеби ќе ве интересира

„НИ ХОРОР ФИЛМ НЕ МОЖЕ ДА СНИМИМЕ“: Ина Многу фина за густата магла која го прекри Скопје

„НИ ХОРОР ФИЛМ НЕ МОЖЕ ДА СНИМИМЕ“: Ина Многу фина за густата магла која го прекри Скопје

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО СО СОНЧЕВИ ПЕРИОДИ И МАГЛА - еве какво време не очекува на почетокот на работната недела

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО СО СОНЧЕВИ ПЕРИОДИ И МАГЛА - еве какво време не очекува на почетокот на работната недела

Данела Арсовска: Претепани инспектори на Град Скопје, МВР да ја уапси бандата што ги труе скопјани

Данела Арсовска: Претепани инспектори на Град Скопје, МВР да ја уапси бандата што ги труе скопјани

Лишени од слобода двајца полицајци, едниот влегол во системот на министерот Тошковски, другиот оддавал информации

Лишени од слобода двајца полицајци, едниот влегол во системот на министерот Тошковски, другиот оддавал информации

Ирена Росо е Македонката која е политички протерана од Србија

Ирена Росо е Македонката која е политички протерана од Србија

Со нов Закон ќе се спречува хиперпродукцијата на факултети

Со нов Закон ќе се спречува хиперпродукцијата на факултети

Јанез Јанша до екс-министерката Стојменова Дух: Не требаше да те примиме во Словенија

Јанез Јанша до екс-министерката Стојменова Дух: Не требаше да те примиме во Словенија

Ученик дошол со пиштол на дијаболи во училиште во Чаир, повредена ученичка пренесена во болница

Ученик дошол со пиштол на дијаболи во училиште во Чаир, повредена ученичка пренесена во болница

Три автобуси на ЈСП се запалија за шест месеци, директорот се сомнева во можни диверзии

Три автобуси на ЈСП се запалија за шест месеци, директорот се сомнева во можни диверзии