05 Декември, 2025
0.0310

Гасовод: Америка нема зошто да и се лути на Македонија за „Јужен поток“

Објавено во: Економија, Македонија 15 Ноември, 2012 16:23

Добивај вести на Viber

Откако САД, по информациите дека Јужен поток стартува со работа изрази загриженост околу влијанието на Русија врз земјите од регионот, денеска премиерот Никола Груевски прашан за коментар на изјавата на помошникот државниот секретар на САД Филип Гордон рече дека не очекува негативни појави. „И во моментот од една земја набавуваме гас и нема никаков нов момент во тој правец. Втора работа е што цела Европа главно набавува глас од таа иста земја така што во тој правец не очекувам дека ќе се случат некои негативни појави“ изјави Груевски. Американскиот помошник државен секетар за европски прашања Филип Гордон вчера реагираше на најавата на рускиот гигант Газпром за почеток на изградбата на гасоводот Јужен поток, со кој рускиот гас, преку балканските земји, ќе се пренесува до западноевропскиот пазар. Гордон ги предупреди балканските земји дека не треба да бидат зависни само од еден снабдувач за своите енергетски потреби. - Многу сме јасни дека еден од приоритетите е јужниот коридор и разновидноста во енергетското снабдување на Балканот и средна и источна Европа. Земјите кои за своето енергетско снабдување се зависни од само еден снабдувач, се и политички зависни. Затоа има голем економски, политички и срратегиски интерес да имаме разновидност во енергетското снабдување. Ние не сакаме да бираме и промовираме гасоводи, туку да промовираме разновидност во снабдувањето, изјави Гордон, на прашање како САД ја оценуваат најавата на Газпром дека изградбата на Јужен поток ќе почне наскоро. Инаку, денеска Бугарија и Русија го потпишаа новиот договор за испорака на природен гас помеѓу „Булгаргаз” и „Газпром”.Договорот е склучен на десет години, а испораката на гас ќе се спроведуваат без посредници. По 6 години Бугарија ќе има право да ја намали договорената  количината гас доколку е потребно, а како што појасни министерот за економија Делјан Добрев, тогаш ќе можат да договорат и нови цени за рускиот гас во Бугарија. Бугарија и Русија го фатија последниот рок денеска и го потпишаа конечното инвестициско решение за проектот за гасоводот “Јужен тек”. Македонското учество во „Јужен поток“ се уште не е докрај дефинирано. Владата очекува до крајот на годината Газпром да се определи за некое од понудените технички решенија со кои Македонија ќе добива гас од овј трансевропски гасовод.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените

Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава

Путин ја затвора вратата за Г8: Престанав да одам

Путин ја затвора вратата за Г8: Престанав да одам

Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања

Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања

Германската Heidelberg Postpress бара стабилната деловна средина и квалификувани работници - ТИРЗ Скопје и Штип меѓу потенцијалните локации

Германската Heidelberg Postpress бара стабилната деловна средина и квалификувани работници - ТИРЗ Скопје и Штип меѓу потенцијалните локации

Инженери на РМ: ВМРО-ДПМНЕ да ја повлече наплатата од 200 денари за пристап до мрежа, како што вети

Инженери на РМ: ВМРО-ДПМНЕ да ја повлече наплатата од 200 денари за пристап до мрежа, како што вети